Aloe Organic

ПРИДОБИВКИ ОД АЛОЕ ВЕРА

Грижете се за себе и хранете се здраво со природни и органски производи со највисока концентрација на хранливи материи!

Дали знаевте дека можете да го користите гелот од Алое Вера за многу повеќе намени освен за изгореници од сонце?  Растението Алое Вера е добро познато со векови наназад по своите здрави, лековити и длабоко хидрирачки својства за нега на кожата.

Алое Вера е природен производ кој денеска има многу примени и се користи во медицината, козметичката, прехранбената и фармацевтската индустрија, како и за различни намени во дерматологијата.

Придобивките од Алое Вера го поддржуваат и подобруваат целокупното Ваше здравје, без да се фокусираат само на еден дел од Вашето тело.


Дали знаете дека можете да го конзумирате свежиот гел од Алое Вера листовите во смуди, салати и/или да го пиете во моктели и други природни и здрави пијалоци?

Ако сакате да го подобрите Вашиот имунитет можеби ќе сакате да направите домашни моктели или смуди со Алое Вера гелот или Алое Вера сокот со пулпа или без пулпа или пак доколку сакате хидрирана и чиста кожа можеби дури и ќе направите природна козметика со Алое Вера.

Алое Вера, вашиот најдобар избор за здрав пијалок исклучително богат со нутриенти за зголемена енергија и имунитет!

Конзумирањето на Алое Вера ја зголемува апсорпцијата (биорасположивоста) на витамините

Неодамнешното истражување, од страна на Меѓународниот научен совет за Алое (IASC), докажало дека кога се консумира Алое Вера ги зголемува нивоата на витамините Ц и Е во крвотокот за повеќе од 200%. Земањето дневни витамински додатоци со сок од Алое Вера наместо вода може да помогне значително  да се подобри биорасположивоста (стапката на апсорпција) на суплементите.

Истражувањето, исто така, покажало дека Алое Вера може да ја подобри биорасположивоста на витамините растворливи во вода и во масти и има природен ефект на временско ослободување (се покажало дека нивото на витамини останува покачено 24 часа).

Самите листови на Алое Вера во себе содржат над 200 биолошки активни состојки, како што се витамини, минерали, ензими, амино киселини, полисахариди, природни шеќери и други биоактивни соединенија со антимикробни, антиинфламаторни, антиоксиданти, афродизијачки, антихелминтски, антифунгални, лаксативни и антисептички својства кои ефикасно поддржуваат и промовираат здрав начин на живот!

Состојките присутни во Алoe Вера гелот исто така ја намалат оксидацијата поврзана со стареењето.

Гелот од листовите на Алое Вера содржи 20 од 22 амино киселини што му се потребни на човечкото тело, 7 од 8 есенцијални кои телото не може да ги синтетизира и мора да се внесуваат преку храната, бројни витамини како што е витаминот А, Ц, Е, групата Б, вклучувајќи витамин Б12 и фолна киселина, содржи минерали како што се калциум, магнезиум, натриум, бакар, манган, калиум, цинк, хром и железо.

Кога правилно се внесуваат, есенцијалните хранливи материи на Алое Вера помагаат во поддршка на дигестивното здравје, кардиоваскуларниот систем,  го зајакнат имунолошкиот систем, ги намалуваат нитратите, а придонесуват и за превенција и подобрување на целокупната здравствента состојба и многу повеќе.

Секојдневното конзумирање Алое Вера е една од најдобрите работи што можете да ги направите за Вашето здравје!

Конзумирање на Алое Вера – Алое Вера како храна

Зајакнување на имунолошкиот систем

Алое Вера природно го зајакнува Вашиот имунитет

Секојдневно сме изложени на средини преполни со вируси, бактерии и токсини, а имунолошкиот систем е нашата прва линија на одбрана. Ефикасната, секојдневна имунолошка поддршка никогаш не била поважна заради постојаните промени во животната средина и бактериите со кои продолжуваме да се среќаваме постојано. Добро одржуваниот имунолошки систем може да ги спречи различните болести поврзани со здравјето. Алое Вера изобилува со микронутриенти кои помагаат во борбата против слободните радикали во телото, дополнително зајакнувајќи го имунитетот.

Дали знаете дека Алое Вера природно го зајакнува имунитетот?  Што го прави Алоето толку ефикасно?

Има повеќе од 200 активни супстанции кои го стимулираат формирањето и активноста на имуните клетки, како што се лимфоцитите и макрофагите.

Алое Вера го зајакнува Вашето имунитет благодарение на коктелот од витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи витамини А (бета-каротен), Ц и Е, кои се антиоксиданти, а тие ги неутрализираат слободните радикали во телото. Содржи и витамин Б12, фолна киселина и холин. Обезбедува калциум, хром, бакар, селен, магнезиум, манган, калиум, натриум и цинк. Алое Вера во себе го содржи и моќниот стимуланс на имунолошкиот систем – аловероза. Аловероза или ацеманан е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем.

Докажано е дека Алоето го поддржува имунитетот на повеќе нивоа.

Зголемување на бројот на белите крвни зрнца: белите крвни зрнца работат 24/7 за да го одбранат нашето телото. Кога ќе се намали бројот на овие клетки, тие треба брзо да се надополнат. Клинички е докажано дека полисахаридните соединенија природно пронајдени во Алое Вера  го зголемуваат бројот на белите крвни зрнца.

Поддршка на здрав биом на цревата: околу 70% од нашиот имунолошки систем се наоѓа во цревата. Со поддршка на биомот на нашиот стомак со витамини, минерали и ензими кои се наоѓаат во Алое Вера, ние исто така се заштитуваме себеси од штетните бактерии и болести.

Подобрување на антиоксидантната поддршка: молекулите на слободните радикали се произведуваат како нуспроизвод на нормалните метаболички процеси. Ако не се контролираат, тие можат да пoттикнат раст на бактерии и оштетување на клеточно ниво. Алое Вера содржи моќни антиоксиданси кои ја неутрализираат активноста на слободните радикали, го намалуваат оксидативниот стрес и го зајакнуваат имунитетот.

Обезбедување на витални амино киселини: познати како градбени блокови на протеините, амино киселините исто така ја поддржуваат функцијата на имуните клетки. Алое Вера содржи 20 од 22-те познати аминокиселини, вклучувајќи седум од осумте идентификувани како неопходни за човечкото тело. Нашето тело не произведува есенцијални амино киселини и затоа мора да се надополнат преку храна или додатоци.

Алое Вера со години се користи за лекување на СИДА, херпес и други вируси, за стимулирање на имунолошкиот систем и зајакнување на одбраната на телото.

Заштита и подобрување на дигестивниот систем

Го заштитува и подобрува Вашиот дигестивен систем

За да се избегнат дигестивни проблеми, треба да се одржува здрава цревна флора. Нутриентите на Алое Вера помагаат да се поттикнат добрите бактерии во цревата и да се одржува цревната рамнотежа која ја одликува правилен сооднос помеѓу здравите и штетните бактерии.

Алое Вера помага во подобрување и заздравување на дигестивниот систем, ја ублажува болката и воспалението и ги регенерира ткивата. Има моќен ефект, ја елиминира киселоста и ја ублажува непријатноста по обилните оброци. Го намалува воспалението во погодената област и помага во заздравување за да се надмине овој тип на непријатност. Повеќето заболувања се поврзани со воспаление и чиреви.

Алое Вера исто така е докажано како моќен клеточен регенератор и ефикасено антиинфламаторно средство. Поради оваа причина, Алое Вера е одличен природен лек за луѓето кои страдаат од гастрични заболувања како што се чир, Кронова болест, гастритис, синдром на нервозно дебело црево, хемороиди и колитис.

Алое Вера соддржи осум специфични ензими кои помагаат во варењето. Овие ензими помагаат во разградувањето на мастите и шеќерите кои ја подобруваат апсорпцијата на хранливи материи и помагаат во варењето. Некои од ензимите се познати како протеази и липази и нивната задача е да го помагаат варењето и да ја разградат храната.

Сокот од Алое Вера постигнува ефикасни резултати по неколку дена конзумирање за луѓето кои страдаат од дивертикули и имаат потреба од чистење на дебелото црево.

Ја подобрува циркулацијата

Алое Вера ја подобрува Вашата циркулација

Алое Вера содржи бета-ситостерол, познат ангиоген чија функција е да ја прошири новата мрежа на мали вени за да допре до сите делови на телото и на тој начин да ја подобри циркулацијата.

Секогаш се препорачува здрав начин на живот и урамнотежена исхрана. Редовните кардиоваскуларни вежби, како што е џогирањето, го поддржуваат здравјето на циркулаторниот систем и ја подобруваат циркулацијата.

Алое Вера помага во подобрување на резултатите од здравата исхрана. За уште подобри резултати комбинирајте ја Алое Вера со состојки кои исто така се покажале ефикасни за подобрување на циркулацијата, како што се куркума, брусница или лук.

Супер антиоксидант

Алое Вера има антиоксидантни својства

Aloe Barbadensis Miller е единственото растение во светот кое содржи аловероза, една од најмоќните антиоксидантни супстанции. Антиоксидансите ни помагаат да се бориме против предвременото стареење предизвикано од сонцето или возраста.

Аловероза или ацеманан е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем. Колку е поголема содржината на аловероза во сокот од Aлое Вера толку помоќни се и состојките што ги содржи Алое Вера и поголема е нивната ефикасност.

Концентрацијата во ACEMANANS го гарантира квалитетот на финалниот производ, a La Vendita Aлое Вера cоковите содржат 15 пати над минимумот.

Ацеманан екстрахиран од листовите на Aloe Vera barbadensis има антивирусни, антинеопластични и корисни својства при некои гастроинтестинални нарушувања. Докажано е дека ацеманан има имуностимулативни својства (TNF), стимулирајќи го производството на интерферон.

Но, не само тоа, докажано е дека исхраната богата со антиоксиданси може да помогне во спречување на рак, но исто така може да спречи кардиоваскуларни болести или Алцхајмерова болест.

Намалување на ЛДЛ холестерол

Алое Вера го намалува ЛДЛ холестерол

Во последните години е постигнат голем напредок во истражувањето на Алое Вера како третман за холестерол, особено во неговата способност да го намали  нивото на ЛДЛ холестеролот (липопротеини со мала густина) и ТГ (триацилглицериди).

Се покажа и како ефикасен не само во намалувањето на ЛДЛ, туку има способност и да го замени со HDL (т.н. добар холестерол).

Алое Вера дејствува како „чистач“, ослободувајќи ги ѕидовите на крвните садови благодарение на растителните стероли, германиум, аловероза, витамини, амино киселини и ензими.

Високото ниво на ЛДЛ холестерол е поврзано со кардиоваскуларни проблеми бидејќи ако има вишок во крвта тој се акумулира на ѕидовите на артериите и ја стеснува внатрешноста  (луменот) на крвните садови. Ова стеснување е познато како атеросклероза.

Губење на тежина и дијабетес

Алое Вера помага во губење на тежината и дијабетес

Придобивките од Алое Вера се многубројни и секој да може да ги искористи благодарение на Алое Вера соковите и пијалоци за детоксикација.

Една од придобивките која ни помага да изгубиме тежина е моќта на Алое Вера да го забрза нашиот метаболизам. Според студиите на Healthline, забрзувањето на метаболизмот исто така ја зголемува дневната количина на калории согорени во нашето телото.

Едно истражување покажало дека луѓе кои пиеле 100 мл сок од Алое Вера осум недели ги намалиле мастите и нивната тежината на телото. Покрај тоа, 79% ја подобриле способноста на телото да го користи хормонот инсулин. Со подобрување на контролата на шеќерот во крвта, може да се избегнат подеми и падови кои предизвикуваат зголемен глад.

Друга студија од 2013 година од Универзитетот Харвард тестираше 72 луѓе кои страдаа од преддијабетес и откри дека земањето помеѓу 300 и 500 мл Алое Вера два пати на ден значително го намалува нивото на шеќер во крвта.

Превенција против стареење

Алое Вера помага во превенцијата против стареење

Ефектот против стареење на Алое Вера може да се добие во три форми: пијте го сокот La Vendita од Алое Вера со или без пулпа, конзумирајте го свежиот гел од листовите Алое Вера во смуди, салати, моктели или во здрави пијалоци или нанесете го свежиот гел од Алое Вера листот на Вашата кожа.

Имајте на ум дека кожата се храни од она што го јадеме и пиеме, така што придобивките од пијалокот или смуди можат да бидат исто толку ефективни како оние што се нанесуваат на самата кожа, а можеме да постигнеме подобри резултати се додека имаме здрав начин на живот и урамнотежена исхрана.

Што и прави Алое Вера на нашата кожа што ја прави да изгледа млада и блескава?

Алое Вера е одличен клеточен регенератор, кој делува така што го поттикнува создавањето на клетки кои и даваат облик и конзистентност на кожата, стимулирајќи ја синтезата на еластин и колаген и на тој начин ја  компензираат нивната загуба што доаѓа со текот на возраста.

Исто така Алое Вера е моќен активатор на имунолошкиот систем, кој ја штити нашата кожа од бактерии (акни) и други патогени.

Алое Вера е одличен детоксификатор и го храни нашето тело со витамини, минерали, амино киселини и ензими.

Надворешна употреба на свежиот гел од Алое Вера листовите

Растението Алое Вера се користи веќе со векови и е познато по своите здрави, лековите и хидрирачки својства за нега на кожата.

Алое Вера е фантастичен производ за нега на кожата. Ако се справувате со брчки, Алое Вера може да Ви помогне. Aлое Вера се користи за надворешна употреба поради длабинската хидрирачка моќ и намалување на постоечките брчките како и спречување појава на нови.

Исто така, Алое Вера го зголемува и производството на колаген на нашата кожа, со што помага да се подобри еластичноста на кожата. Брчките се појавуваат затоа што нашата кожа престанала да произведува колаген кој и помага да остане цврста. Алое Вера е ефикасна во оддржување на нивото на колаген и еластин, а со тоа се спречува стареењето на кожата.

Благодарение на антиоксидантите кои се наоѓаат во гелот Алое Вера ја штити нашата кожа и од ултравиолетовите зраци.

Делува регенеративно при изгореници од сонце – (прв и втор степен), помали рани и секакви кожни иритации (радиотерапија, депилација, убоди од инсекти, акни, егзема…).

Алое Вера за нега на Вашето лице

Сите кои имаат мрсна кожа имаат поголема веројатност да се борат со акните во одреден момент од својот живот. Гелот од Алое Вера освен што ги чисти порите има и траен ефект кој го забавува таложењето на бактерии а со тоа го одржува Вашето лице чисто подолго време. Поради својата антибактериска природа гелот Алое Вера успешно се бори и со мозолчињата а ја минимизира и појавата на флеки на Вашата кожа.

Алое Вера може да се користи како третман за акни

Од многуте минерали кои се наоѓаат во Алое Вера, цинкот е еден од најкористените во природните витамински додатоци и производите за нега на кожата за да помогне во подобрувањето на флеките. Алоето ја намалува количината на природно масло (себум) а со тоа помага да се спречи појава на неправилности на кожата, како „црнки“ и „акни“ а исто така може да ја излечи иритираната, изгорената или оштетената кожа.

Некои студии сугерираат дека формирањето на акни се должи на недостаток на цинк. Локално нанесување на Алое Вера и земање орално може да ви помогне да се ослободите од Вашите акни.

Кажете им збогум на мозолчињата со Алое Вера

Алое Вера има антиинфламаторни својства кои го ублажуваат воспалението на кожата и помага во отпушување на порите. Покрај тоа, гелот од Алое Вера содржи салицилна киселина и бета-хидрокси киселина кои ги разложуваат мртвите клетки на кожата и го отстранува вишокот на себум, што се таложи во мозолчињата. Само по неколку недели употреба, може да забележите помалку акни и Вашата кожа ќе биде почиста.

Алое Вера го истакнува природниот сјај на Вашата кожа

Алое Вера содржи десет есенцијални минерали за нега на Вашата кожа (не само за изгорената кожа). Овие минерали вклучуваат калциум, бакар, магнезиум, калиум, натриум, хром, железо, манган, фосфор и цинк. Тие ја прават Вашата кожа посјајна а, тоа ја прави Алое Вера неопходна во секојдневна грижа за нега на Вашата кожа.

Алое Вера помага во лекување на изгореници од сонце на Вашата кожа и ги третира малите абразии

Алое Вера долго време се користи како традиционален третман за изгореници. Смирувачки својства на Алое Вера се потврдени со студија од 2013 година, која покажала дека испитаниците со изгореници кои користеле гел од Алое Вера покажале подобри резултати од оние кои користеле крем со сребрен сулфадијазин. Првата група исто така, манифестирала знаци на заздравување и олеснување на болката побрзо од втората група.

Изгорениците од сонце може да ги лекувате со гелот од свежите листови Алое Вера за да го олесните и намалите воспалението поради природни антиинфламаторни својства на Алое Вера. Биоактивните компоненти го поддржуваат метаболизмот на јаглени хидрати и липиди, забрзувајќи ја регенерацијата на оштетената кожа.

Важно е да се напомене дека Aлое Вера е корисна само ако страдате од изгореници од сонце или благи изгореници. Ако имате тешка повреда поврзана со пожар, најдобро е прво да побарате медицинска помош пред да примените било каков вид на друг третман.

Алое Вера обезбедува заштита од ултравиолетово зрачење

Во студијата објавена во Phytotherapy Research, научниците од Глобалниот кампус на Универзитетот Кјунг Хи во Јужна Кореја откриле дека гелот Алое Вера обезбедува заштита од сонце и за бебиња и за возрасните и ја штити кожата од стареење поради изложување на сонце.

Друга студија спроведена во Италија покажа дека Алое Вера помага и во заштитата на кожата од оштетување на терапијата со зрачење. Учесниците кои нанесувале хидратантни креми кои содржат Алое Вера пријавиле помалку несакани ефекти на кожата по направените третмани со терапија со зрачење за рак на дојка.

Дали Алое Вера помага против стареење?

Гелот од Алое Вера содржи антиоксиданси и соединенија за заштита од ултравиолетови зраци кои можат да спречат долгорочно оштетување на кожата и фотостареење. Поради оваа причина, Алое Вера може да биде корисна за секојдневна нега на кожата. Некои студии покажуваат значително намалување на брчките на лицето и сувата кожа по само осум недели користење.

Алое Вера и нега за Вашата коса

Растечкиот тренд на целосно природни производи за лична нега привлече големо внимание и за хемикалиите кои се користат во шампоните и балсамите за коса. Сите придобивки од Алое Вера гелот што го прават идеален за нега на Вашата кожа се одлични и за  нега на Вашата коса. Антиинфламаторни својства на Алое Вера гелот го смируваат чешањето на скалпот и го намалуваат првутот. Алое Вера да ја хидрира и омекнува Вашата коса и ги отплеткува јазлите, заплеткувањата и расцепените врвови, а истовремено ги храни и корените на влакната.

Ја подобрува цврстината и изгледот на косата, делувајќи хидрирачки и давајќи и сјај на косата како и штитејќи ја од УВ зраците. Ја спречува појавата на првут и има смирувачки ефекти, намалувајќи го чешањето што го предизвикува првутот.

Прочитате повеќе за ова прекрасно растение и неговата внатрешна и надворешна употреба во