Алое Вера е еден од најпопуларните производи за убавина на пазарот денес.
Се прашувате зошто се користи во толку многу производи?
Самите листови на Алое Вера во себе природно содржат над 200 биолошки активни состојки, како што се витамини, минерали, ензими, амино киселини, полисахариди, природни шеќери и други биоактивни соединенија со прочистувачки, антимикробни, антиинфламаторни, антиоксиданти, афродизијачки, антихелминтски, антифунгални и антисептички својства кои ефикасно поддржуваат и промовираат здрав начин на живот и сјајна кожа!
Алое Вера е фантастичен производ за нега на кожата. Ако се справувате со брчки, Алое Вера може да Ви помогне.
Aлое Вера се користи за надворешна употреба поради длабинската хидрирачка моќ и намалување на постоечките брчките како и спречување појава на нови. Исто така, Алое Вера го зголемува и производството на колаген на нашата кожа, со што помага да се подобри еластичноста на кожата. Брчките се појавуваат затоа што нашата кожа престанала да произведува колаген кој и помага да остане цврста.
Алое Вера е ефикасна во оддржување на нивото на колаген и еластин, спречувајќи го стареењето на кожата. Благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во свежиот гел од Алое Вера листовите, ја штитат нашата кожа и од ултравиолетовите зраци. Делува регенеративно при изгореници од сонце – (прв и втор степен), помали рани и секакви кожни иритации (радиотерапија, депилација, убоди од инсекти, акни, егзема…).
Во продолжение, неколку различни проблеми со кожата за кои може да Ви помогне свежиот гел од листот Алое Вера: изгореници од сонце, сува кожа и акни. Исто така, ќе Ве советуваме дали треба да нанесувате хидратантна крема пред или после Алое Вера гелот.
Со овој пост сакаме да Ви помогнеме подобро да разберете за што се може да се користи Алое Вера свежиот гел и зошто треба да биде дел од Вашата секојдневна дневна рутина за нега на кожата.
Алое Вера за изгореници од сонце
Ова е една од најпознатите придобивки на Алое Вера. Со години свежиот гелот од Алое Вера листот се користи за да се смират изгорениците од сонце. Делумно, тоа е поради неговите разладувачки својства: ставањето Алое Вера на изгорениците од сонце помага да се намали болката. Сепак, Алое Вера гелот прави многу повеќе од тоа, односно помага во хидратација на кожата, а може да помогне и да го спречи лупењето на Вашата кожа.
Изгорениците од сонце може да ги лекувате со гелот од свежите листови Алое Вера за да го олесните и намалите воспалението поради природни антиинфламаторни својства на Алое Вера. Биоактивните компоненти го поддржуваат метаболизмот на јаглени хидрати и липиди, забрзувајќи ја регенерацијата на оштетената кожа.
Гелот од листот Алое Вера е одличен за изгореници од сонце, но сепак советуваме да посетите лекар ако мислите дека Вашата ситуација е сериозна.
Алое Вера за сува кожа
Алое Вера е одлична во апсорпција на водата. Ова е една од причините зошто делува толку добро за длабинска хидратација и одлично ја хидрира Вашата сува кожа.
Покрај ова Алое Вера се препорачува и за превенција и заштитана Вашата кожа од штетни надворешни влијанија како што е загадувањето.
Алое Вера се користи како третман за акни
Покрај тоа што е одличен за сувата кожа, Алое Вера може да се користи и за мрсна кожа. Тоа е поради своите антибактериски својства, кои овозможуваат да ги исчисти бактериите од кожата кои предизвикуваат акни. Исто така, ја затегнува кожата, со што помага да се спречи појавата на акни.
Од многуте минерали кои се наоѓаат во Алое Вера, цинкот е еден од најкористените во природните витамински додатоци и производите за нега на кожата и помога во намалување на флеките. Алое Вера ја намалува количината на природно масло (себум) што го произведува кожата и кој поттикнува појава на неправилности на кожата, како „црнки“ и „акни“ а исто така може да ја излечи иритираната, изгорената или оштетената кожа.
Алое Вера го истакнува природниот сјај на Вашата кожа
Алое Вера содржи десет есенцијални минерали за нега на Вашата кожа (не само за изгорената кожа). Овие минерали вклучуваат калциум, бакар, магнезиум, калиум, натриум, хром, железо, манган, фосфор и цинк. Тие ја прават Вашата кожа посјајна, а тоа ја прави Алое Вера неопходна во секојдневна грижа за нега на Вашата кожа.
Може ли да нанесам хидратантна крема пред или после Алое Вера?
Ако сте подготвени да започнете со користење на Алое Вера како дел од Вашата рутина за нега на кожата, можеби се прашувате дали да нанесувате хидратантна крема пред или после Алое Вера гелот.
Препорачуваме да ja нанесете вашата хидратантна крема после тоа, за да не ги блокирате хранливите состојки од Алое Вера гелот да стигнат дирекно до Вашата кожа и длабински да ја хидрираат.