Што претставува рефлукс на киселина?
Рефлукс на киселина (гастроезофагеален рефлукс) може да биде иритирачка и многу непријатна за секој што ја доживува, особено ако истата се повторува. Оваа состојба може да биде предизвикана од повеќе причини како на пример, јадење обилен оброк, пушење, бременост, стрес, возраст, лекови, вишок на кофеин или уживање во зачинета храна.
Рефлукс на киселина (гастроезофагеален рефлукс) значи враќање на желудочната содржина од горниот дел на желудникот во хранопроводот. Тоа се случува поради ослабена функција на долниот мускул затворач на хранопроводот (сфинктер) којшто го спречува истекувањето на желудочната киселина во хранопроводот.
Горушица е најчест симптом на рефлукс на киселина. Може да се осети жарење и гребење во хранопроводот, познато како горушица, исто така може да биде проследено со кисел или горчлив вкус во устата, повраќање, ранички во устата, жарење на јазикот, лош здив и во некои случаи, враќање на храната во уста.
Секогаш е важно да разговарате со Вашиот лекар ако имате какви било силни или постојани болки или горушница.
Истражувачите откриле дека Алое Вера делува како антиинфламаторно средство, помага да се намали лачењето на киселина и обезбедува олеснување на симптомите без негативни несакани ефекти.
Што е Алое Вера?
Алое Вера е повеќегодишен сочен сукулент одгледуван во тропски области кој најчесто се користи орално и локално низ историјата. Внатрешноста на листовите е исполнета со чист гел кој има повеќе oд 200 активни состојки полезни за човековото здравје и е одамна познат и прифатен поради своите лековити својства за третирање и подобрување на многу здравствени состојби и за изгореници.
Иако најчесто Алое Вера е позната по своите придобивки за кожата, истражувањата открија дека подеднакво е корисно и за внатрешни состојби.
Орално конзумирање на Алое Вера гелот или Алое Вера сокот има внатрешно смирувачки ефект, на ист начин како што чувствуваме олеснување од користењето на Алое Вера гелот за локални непријатности од изгореници на кожа или други кожни болести.
Што предизвикува рефлукс на киселина?
GERD (гастроезофагеален рефлукс на киселина) или хроничен рефлукс на киселина е местото каде што киселината од Вашиот желудник постојано истекува во хранопроводникот. Ова обично се случува затоа што делот на крајот од хранопроводникот не се затвора правилно штом храната ќе дојде до Вашиот желудник.
Рефлуксот на киселина е вообичаен и се случува кај секого од време на време, но ако имате симптоми повеќе од два пати неделно во период од неколку недели, а доколку земате антациди или лекови кои ја неутрализираат киселината во желудникот, можеби е време да побарате совет од Вашиот доктор за да избегнете посериозни проблеми и да започнете со лекување.
Некои луѓе може да имаат постојана горушица, додека други може да имаат непријатност во градите, засипнатост при будењето или болка при голтање.
Придобивките од употреба на Алое Вера за рефлукс на киселина
Алое Вера е лековито растение, преполно со минерали, витамини и амино киселини, а истражувањата покажаа дека има и антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и антисептичко својство и дека помага за заздравување на рани и и спречува спречува создавње на чиреви.
Кога се користи орално, може да помогне да се намали растот на бактериите во тенкото црево и да се намали појавата на киселина во Вашиот желудник. Лошите бактерии произведуваат гасови, предизвикувајќи надуеност и подригнување, а тоа може да го ослабне долниот езофагеален сфинктер кој го спречува истекувањето на желудочната киселина во хранопроводот. Лошата дигестија, исто така, може да предизвика киселина, а откриено е дека Алое Вера ја зајакнува циркулацијата на крвта во дигестивниот систем и со тоа ја ублажува зачестеноста на горушица и помага во варењето на храната.
Хроничниот рефлукс на киселина со текот на времето го оштетува хранопроводникот, a aнтиинфламаторните својства на Алое Вера можат да ја намалат болката и да помогнат во смирување на воспалениот хранопроводник. Утврдено е дека Алое Вера го зајакнува имунолошкиот систем поради неговите полисахариди, кои ги стимулираат белите крвни зрнца и ја подобруваат циркулацијата на крвта.
Со своите антиинфламаторни придобивки, Алое Вера може да помогне во подобрување на состојбата настаната поради постојаната киселина.
Постојат неколку корисни начини на кои можете да го користите Алоето при третирање и превенција на симптомите на киселина:
Свежиот Алое Вера сок или гел може да се зема орално во текот на денот особено пред оброците, за да помогне во спречување на создавање на горушница и за да помогне при варењето на храната.
- Исто така, може да се зема во моментот на започнување на горушицата.
- Алое Вера може да има горчлив вкус, затоа можете да го комбинирате како освежителен пијалок користејќи други состојки кои нема да го разгорат Вашиот рефлукс на киселина.
Престанете да конзумирате Алое Вера доколку почувствувате некаква непријатност во стомакот или имате дијареа. Иако ретко се јавуваат овие несакани ефекти, Алое Вера може да делува како лаксатив. Престанете со конзумирање неколку дена за да видите дали Алое Вера ги предизвикувало несаканите ефекти, но ако проблемите продолжат, задолжително посетете го Вашиот доктор.
Предупредувања и ризици
Повеќето луѓе консумираат производи од Алое Вера и немааат никакви несакани ефекти, но секогаш кога ќе воведете нов додаток во Вашата исхрана, запознајте се со можните ризици и прочитајте ги предупредувањата за да избегнете негативни ефекти.
Бремените жени или оние кои се обидуваат да забременат треба да избегнуваат орално користење на Алое Вера. Ако се борите со проблеми со киселина за време на бременоста, консултирајте се со Вашиот лекар за најдобриот третман.
Алое Вера може да се користи надворешно кај деца и новороденчиња, но доколу им го давате орално, тоа нека биде во консултација и под надзор на доктор.
Употребата на Алое Вера може да влијае врз веќе препишаните лекови, затоа пред да земете Алое Вера, консултирајте се со Вашиот лекар.
Дијабетичарите или секој кој користи лекови за контрола на гликозата во крвта треба да се консултира со својот лекар бидејќи Алое Вера може да го намали нивото на гликоза во крвта.
Ако сте алергични на било кое растение од семејството Liliaceae во кој припаѓаат аспарагус, кромид, лук, праз, власец, лалиња… избегнувајте да користите Алое Вера бидејќи може да предизвика несакани ефекти.