Aloe Organic

Атопичен дерматитис, попознат како егзема, е состојба која предизвикува дамки на кожата кои стануваат суви, груби и предизвикуваат чешање. Егземата е предизвикана од различни еколошки и генетски фактори. Психолошкиот фактор како што е стресот, исто така може да предизвика дополнително влошување на егземата.

Точната причина и опсегот на симптомите се разликуваат од личност до личност, што е и причината зошто секој третман треба да биде прилагоден на потребите на конкретната личност која се соочува со егзема. Во зависност од тежината на симптомите, можните третмани вклучуваат третирање со соодветни препишани лекови но и со природни алтернативни лекови.

Алое Вера, особено е популарен природен лек за егзема, благодарение на својствата за длабинска хидратација на кожата и смирувачките ефекти кои ги поседува.

Дали свежиот Алое Вера гелот е навистина ефикасен за ублажување на симптомите на егземата? Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе.

Кои се придобивките од користење на свежиот Алое Вера гел за егзема?

Години наназад, луѓето користеле гел од Алое Вера за лекување и справување со различни кожни проблеми и нарушувања, вклучувајќи исекотини, изгореници и осип. Сепак, иако дефинитивно ќе најдете безброј индивидуални успешни приказни и докази за ефикасноста на гелот од Алое Вера за подобрување на симптомите и третирање на егземата, дополнителни истражувања сè уште недостасуваат. Се уште нема многу студии кои можат дефинитивно да докажат дека гелот од Алое Вера може значително да им користи на луѓето кои страдаат од егзема.

Сепак, свежиот гелот од Алое Вера листот содржи антиинфламаторни, антигабични, антибактериски и антиоксидантни својства кои можат да помогнат во ублажување на воспалената кожа и подобрување на другите симптоми на егзема.

Еве некои од потенцијалните придобивки од користењето на свежиот гел од Алое Вера кои помагаат при третирање на егземата:

 

Длабински хидрирајте ја Вашата кожа

Гелот од Алое Вера содржи цинк, амино киселини и мукополисахариди кои го зголемуваат задржувањето на влажноста на кожата. Кога Вашата кожа е добро навлажнета, значително се намалува чувството на затегнатост и чешање поврзано со појава на егзема.

 

Зголемете ја ефикасноста на хидрокортизонот

Според студијата објавена во списанието на Американското медицинско здружение за педијатри, употребата на Алое Вера со хидрокортизон ја подобрува апсорпцијата на кожата. Ова значи дека во комбинација Алое Вера гелот и хидрокортизон за третман заедно може да бидат поефикасни отколку да се користи само еден од нив.

 

Спречете секундарна инфекција

Студија направена во 2019 година ја анализираше антимикробната ефикасност на гелот од Алое Вера и заклучи дека има ефективни својства за деконтаминација. Овие својства можат да помогнат да се спречат секундарни инфекции  од иритирана кожа, која често е карактеристична за егземата. Алое Вера содржи и два хормони, наречени гиберелини и ауксин, кои помагаат да се забрза зараснувањето на раните.

 

Олеснување на чешањето

Антивоспалителните својства на гелот од Алое Вера може да помогнат да се смири иритираната кожа и да се олесни интензивното чешање што доаѓа со влошување на сосотојбата на егземата.

Иако нема многу истражувања за да се потврди дека Алое Вера делува како третман за егземата, сепак нема штета да се проба. На крајот на краиштата, луѓето секогаш се обидуваат да најдат подобрување каде што можат.

Како да го користите свежиот Алое Вера гел за третирање на егзема

Следете ги следниве чекори доколку сакате да го користите свеж гел од Алое Вера листовите за подобрување на симптомите од егземата:

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Некои луѓе може да откријат дека употребата на Алое Вера може да ги влоши нивните симптоми. Затоа прво бидете сигурни дека не сте алергични и направете тест за алергија. Втријте свеж гел од Алое Вера на мала површина од кожата на раката и оставете да делува 24 часа. Ако почнете да развивате оток, или која било друга алергиска реакција, најдобро е да истражите други опции. Доколку немате никакви алергиски симпоми, продолжете со аплицирање на свежиот Алое Вера гел на иритираната област на Вашата кожа. 

  • Намачкајте го свежиот гел од Алое Вера директно на погодената област. Можете да го аплицирате повеќе пати во текот на денот. 
  • Нанесувајтего свежиот Алое Вера гел во рок од 3 минути по излегувањето од туш или када.
  • Ако имате многу потешки симптоми, размислете за користење влажна обвивка. Потопете парче ткаенина во топла вода. Исцедете го, нанесете свеж гел од Алое Вера на погодената област, а потоа ставете ја влажната крпа на Вашата кожа. Завиткајте го со суви платнени ленти. Оставете ја обвивката преку ноќ.
 

Ако вашите симптоми се влошат наместо да се подобрат, посетете дерматолог што е можно побрзо.

Посетете ја нашата е-продавница