Aloe Organic

Првутот е непријатност која буквално може да биде „главоболка“ за секого! Секој од нас би сакал да ја облече својата омилена црна облека без двапати да размисли за тоа.

Првутот е блага форма на себореичен дерматитис. Тој настанува кога мали делови од сува кожа се лупат од скалпот. Првутот не е заразен, ниту е симптом на сериозно здравствено прашање. Сепак, имањето првут може да биде срамно за некого.

Како и многу други кожни заболувања, може да влијае на самодовербата на една личност. Како најчест проблем со косата, првутот предизвикува кожата да не чеша и да паѓаат мали бели лушпи. Во потешки состојби, предизвикува и воспаление на скалпот.

Иако првутот не може да се излечи, сепак може да се контролира. Сите кои се соочиле во ваков проблем сигурно побарале олеснување во неколку производи за коса за да се ослободат од него. Но, ако сè уште се соочувувате со овој проблем, тогаш можеби е време да го прочитате текстов во продолжение.

Ако Ви е преку глава од тоа да гледате ронлив снег на Вашата темна облека секогаш кога ќе ја носите, тогаш може е време да размислите да почнете да користите свеж гел од Алое Вера листовите за Вашите проблеми со првут?

Алое Вера е сукулент со разладувачки својства и е богат со минерали и витамини кои ја одржуваат Вашата коса здрава. Свежиот гел од Алое Вера листови има смирувачки и хидратантни ефекти врз косата и кожата.

Докажаниот домашен лек против првут, Алое Вера, исто така, ги обновува мртвите клетки на кожата и со тоа го спречува чешањето. Покрај тоа, Алое Вера гелот има моќ да ја подмлади косата, давајќи ѝ еластичност и го спречува нејзиното кинење.

Со, редовното користење на свеж гел од листови од Алое Вера  не само што ќе се ослободите од првутот туку и ќе имате здрава и сјајна коса.

Прочитајте повеќе во продолжение за тоа како Алое Вера и помага на Вашата коса и дознајте за различните начини на кои може да го користите свежиот Алое Вера гел.

Може ли Алое Вера да го третира првутот?

Како што споменавме претходно, првутот не може целосно да се излечи и може да се повтори во одреден момент. Сепак, неговите знаци и симптоми може да се спречат и да се контролираат. Иако допрва треба да се спроведат дополнителни студии за ефектите на Алое Вера гелот и како точно делува за лекување на првутот, сегашните научни сознанија изгледаат ветувачки.

Една студија објавена во списание за дерматолошки третман покажа дека пациентите кои страдаат од себореичен дерматитис пријавиле значително намалување на лупењето и пруритус (медицински термин за чешање на кожата) по примена на Алое Вера гелот. 

 

Една понова студија, исто така, покажа дека по локалното нанесување на Алое Вера гелот кај пациенти со себореичен дерматитис речиси половина од нив забележале намалување на симптомите за 80%. 

Како со гелот од листот Алое Вера се третира првутот?

Алое Вера со векови се користи за лекување на рани, изгореници и иритација на кожата. Истражувањата покажуваат дека гелот содржи витамини и хранливи материи кои можат да помогнат да се намали воспалението, да се спречи чешањето и да се запре понатамошното ширење на првутот.

Еве некои од лековитите својства на свежиот гел од Алое Вера листот кои се корисни за лекување на првут:

 

  • Антивоспалителни својства кои ја намалуваат иритацијата

Гелот од листот Алое Вера го инхибира ензимскиот систем циклооксигеназа, одговорен за формирање на простагландини – липидите кои го контролираат протокот на крв, воспалението и  згрутчувањето на крвта. Гелот од Алое Вера содржи и Ц-глукозил хромон, кој  има антиинфламаторно својство.

 

  • Антисептик

Гелот од Алое Вера содржи шест антисептички агенси: сулфур, феноли, цинеминска киселина, лупеол, салицилна киселина, уреа и азот. Овие агенси помагаат да се запре или успори растот на микроорганизмите и да се спречи инфекција.

 

  • Антигабични својства

Истражувањата покажуваат дека Алое Вера ефикасно ги спречува честите габични инфекции. Ова се должи на антрахиноните, соединенија кои го инхибираат ензимскиот систем циклооксигеназа.

 

  • Антиоксидантни својства кои го спречуваат оштетувањето на клетките

Гелот од Алое Вера содржи витамини А, Ц и Е. Овие антиоксиданси ги неутрализираат штетните слободни радикали кои ги оштетуваат здравите клетки. Слободните радикали се исто така поврзани со сериозни болести како рак, срцеви заболувања и дијабетес.

 

  • Го стимулира обновувањето на клетките

Гелот од Алое Вера содржи пектин, соединение кое може да помогне да се стимулира обновата на нови, здрави клетки.

 

  • Хидратација на сувата кожа

Алое Вера има и хидрирачки ефекти за да ја смири сувата кожа и да помогне во ублажување на иритацијата на кожата.

 

Како да се користи гел од Алое Вера листот за лекување на првут?

Алое Вера може да се користи на различни начини за да се ослободите од првутот. Во продолжение погледнете различни начини на кои можете да го користите свежиот гел од листот Алое ера против првут.

Свеж гел од Алое Вера листот:

Директно нанесете свеж гел од листот Алое Вера на скалпот и косата. Користење на свеж гел од листови од Алое Вера против првут е  многу  едноставно. 

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Потоа нанесете го овој гел од Алое Вера на скалпот и косата 30 минути пред шампонирање. Можете да ја повторувате оваа постапка два пати неделно за поефекасни  резултати.

Маска за коса од Алое Вера гел и лимон:

Исто како Алое Вера, и лимонот е природен лек за лекување на првут. Бидејќи има кисела природа и може да предизвика иритација на скалпот, комбинирањето со гелот од листот Алое Вера ја балансира неговата кисела природа и создава ефикасен лек против првут. Оваа маска за коса е лесен начин за користење на Алое Вера гелот за третман против првут. Користете ја оваа маска еднаш неделно за да се ослободите од првутот.

Што Ви е потребно:

  • ½ шолја свеж гел од Алое Вера лист
  • 2 лажици сок од лимон
 

Како да ја направите: измешајте половина чаша свеж гел од лист од Алое Вера со 2 лажици сок од лимон и добро изблендирајте. Нанесете ја оваа смеса на скалпот и по должината на косата и оставете ја да стои 30 минути. Измијте со млака вода.

Маска од Алое Вера и кокосово масло:

Ако сакате здрава коса, гелот од Алое Вера и кокосовото  масло се подеднакво неопходни. Со нивно комбинирање се добива маска која содржи антимикробни својства, која ќе ја нахрани вашата коса, ќе ги отстрани белите  лушпи од првут, ќе Ве ослободи од чешањето што е резултат на првутот и ќе Ви помогне да се заштити скалпот од инфекции. Оваа маска е одлична и за заштита на скалпот, но и за целите прамени на косат бидејќи ги прекрива  со заштитен слој. 

Користете ја оваа маска за коса двапати неделно за најдобри резултати.

Што Ви е потребно:

  • 2 лажици свеж гел од Алое Вера лист
  • 1 мала шолја кокосово масло
 

Како да ја направите: измешајте го Алое Вера гелот и кокосово и добро изблендирајте. Сместа масирајте ја  на скалпот и оставете ја да отстои неколку часа. Измијте со млака вода.

Маска за коса со Алое Вера гел и јаболков оцет:

Јаболков оцет и Алое Вера гелот имаат антибактериски и антигабични својства, поради што комбинирањето на двете состојки дава ефикасен резултат  во борбата против првутот. Киселата содржина на јаболковиот оцет го намалува лупењето на скалпот, а со тоа ја намалува и појавата на првутот. 

Користете ја оваа маска двапати месечно за да се ослободите од непријатниот првут.

Што Ви е потребно:

  • 1 шолја свеж гел од Алое Вера лист
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички јаболков оцет

 

Како да ја направите: измешајте ги сите состојки во сад и нанесете ја маската на скалпот и по должина на целата косата. Оставете за стои 20 минути и измијте со млака вода.

Посетете ја нашата е-продавница