Aloe Organic

АЛОЕ ВЕРА ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Алое Вера природно содржи 200 биолошки активни компоненти, вклучувајќи полисахариди, витамини, ензими, аминокиселини и минерали кои  хармонично  го поддржаат нашето здравје. Познато е дека полисахаридите кои се наоѓаат во Алое Вера го поддржуваат здравиот дигестивен систем со тоа што му помагаат на телото да одржува здрава pH вредност на желудникот и го поддржува растот на здрави бактерии.

Алое Вера е најпроученото растение во индустријата за природни производи. Алое Вера поддржува здрав имунолошки систем, ја подобрува апсорпцијата на други витамини и минерали и ја поддржува општата благосостојба.

Од одгледувањето во органска фарма (greenhouse) во Шпанија до производството во сопствена фабрика, се контролира целокупниот процесот на интегрален начин за да се добијат најдобрите La Vendita производи. Го извлекуваме сокот од свежо исечените Алое Вера листови, трансформирајќи го во 100% природен додаток на храна – сок Алое Вера со пулпа и без пулпа.

Ние ја одгледуваме Алое Вера и посветуваме посебно внимание на  квалитететот и на секој детаљ за да се добијат најдобри La Vendita производи.

Концентрацијата во ACEMANANS го гарантира квалитетот на финалниот производ. Во последниот  извештај направен за нашиот органски сок од Алое Вера, беше анализирана содржината на ацемананот – полисахарид со имуностимулативни, антивирусни и гастроинтестинални својства. Резултатот беше 793,8 mg/kg, 15 пати над минималната содржина од обичната содржина на Алое Вера. Грижете се за себе и уживајте во сите придобивки што ги нудат свежите листови од Алое Вера!

La Vendita производите се природни и органски со највисока концентрација на хранливи материи!

  • 100%  ПРИРОДНИ – la Vendita производите од Алое Вера не содржат вештачки вкусови, бои или конзерванси.
  • 100%  ОРГАНСКИ – Алое Вера листовите се одгледуваат и растат органски со природни материјали и органски земјоделски производи.
  • 100%  СВЕЖИ – Алое Вера соковите со пулпа и без пулпа се добиваат директно од свежо собрани Алое Вера листови.
  • 100%  ECO-FRIENDLY – листовите Алое Вера се засадени на еколошки начин и со голема почит кон животната средина и достапните ресурси.
  • 100%  HEALTHY FOOD – Во гелот од Алое Вера се идентификувани околу 75 активни состојки со терапевтски ефект – витамини, минерали, амино киселини, антиоксиданси и моќниот стимуланс на имунолошкиот систем – аловероза.

 

La Vendita Алое Вера производите се произведуваат во Шпанија и имаат сертификат од Европската Унија за органско земјоделство,  од CAAE за органски производи и Extremadura сертификат за храна и органски производи.  Покрај oва, посевите на Алое Вера се поддржании од Global Gap стандардите за Good Agricultural Practices.

Важно е да се напомене дека Алое Вера делува различно кај секого, па затоа препорачуваме да започнете внимателно и полека.

Нашата препорачана дневна доза е  50 ml/ на ден од сокот Алое Вера со пупла или без пулпа или  50 gr. од свежиот гел од листот Алое Вера. Може да се конзумира самостојно или пак да се меша со други овошни сокови или мед. И соковите од Алое Вера и свежиот гел од листот Алое Вера можат да се мешаат со која било друга ладна течност. Ако земате Алое Вера од дигестивни причини, земете ја дневната доза 15-30 минути пред оброкот. Безбедно е секојдневно да се зема Алое Вера!

Ве молиме прочитајте повеќе во ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Помеѓу надворешната кора на листот од Алое Вера  и внатрешното филе – гелот, се наоѓа жолт сок (Алое латекс) кој содржи антрахинони (алоин). Кога се зема во екстремно високи дози, алоинот може да биде штетен и не се препорачува за консумирање!

La Vendita сокови од Алое Вера со или без пулпа не содржат АЛОИН (ALOIN-FREE). Тие се безбедни за секојдневна употреба!

Пред да го користите свежиот гел од Алое Вера листовите за внатрешна и надворешна употреба, Ве молиме прочитајте повеќе ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Алое Вера е одличен дневен додаток за одржување на целокупното добро здравје, подобрување на дигестивниот систем, а помага и за подобра апсорција на другите додатоците, билки и пробиотици.

Ако земате препишани лекови, Ви препорачуваме прво да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт пред да користите Алое Вера.

La Vendita соковите од Алое Вера се природни и органски производи. Без конзерванси, бои или ароми. Без додадена вода или додадени шеќери. Без глутен, без лактоза и погодни  за вегетаријанци.

Состав: органски сок од Алое Вера (99,8%) и лимонска киселина (0,2%).

По отварањето задолжително ставете го во фрижидер! Да се чува на суво и ладно место. 

Рок на траење на неотворен производ  Алое Вера сок е 12 месеци.

La Vendita Алое Вера сокови со или без пулпа не содржат АЛОИН!

La Vendita Алое Вера соковитe помагаат во одржувањето на здравиот дигестивен систем и  го поддржуваат имунолошкиот систем.

Секој свеж лист Алое Вера е составен од три слоја:

  • Внатрешен проѕирен гел кој содржи 99% вода. Останатиот дел од гелот е составен од јаглени хидрати, мукополисахариди, протеини, ензими, антрахинони, хромони, минерали, витамини, фенолни соединенија и салицилна киселина.
  • Средниот слој е латекс кој е горчлив жолт сок и содржи антрахинони и гликозиди (алоин).
  • Надворешниот дебел слој е наречен кора и има заштитна функција и синтетизира јаглехидрати и протеини.

За да го извадите правилно свежиот гел од  Алое Вера листот и да го отстраните АЛОИНОТ (средниот слој од листот) кој може да предизвика лаксативно дејство Ве молиме прочитајте повеќе ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Нашата препорака е Алое Вера да користат возрасни и деца над 13 години. За деца под 13-годишна возраст и жени кои се бремени или доилки Ви препорачуваме да се консултирате со Вашиот доктор пред да започнете со конзумирање на Алое Вера.

Што се однесува до домашните миленици, можете да користите Алое Вера локално за кожни проблеми, но кога се конзумира треба да имате предвид дека предозирањето може да предизвика лаксативно дејство.

Природниот вкус на Алое Вера е горчлив, налик на цитрусно овошје. Сочните и месести листови на Алое Вера растението се полни со гел кој има  сладок, кисел, горчлив и адстрингентен вкус. Слободно можете да ја измешате нашата Алое Вера со други течности за да го подобрите вкусот без да им наштетите на придобивките кои ги нуди.

La Vendita соковите од Алое Вера се природни и органски производи. Без конзерванси, бои или ароми. Без додадена вода или додадени шеќери. Без глутен, без лактоза. Не содржи алергени. Погоден за вегани и вегетаријанци.

Нашите состојки се: органски сок од Алое Вера (99,8%) и лимонска киселина (0,2%).

  • 100% ПРИРОДНИ – нашите производите од Алое Вера не содржат вештачки вкусови, бои или конзерванси.
  • 100% ОРГАНСКИ – Алое Вера листовите се одгледуваат и растат органски со природни материјали и органски земјоделски  производи.

Сите наши La Vendita производи се направени со користење на нашата сертифицирана органска Алое Вера која самите ја одгледуваме.

Нашите La Vendita сокови и листови го содржат видот  Barbadensis Miller Алое Вера, кој најчесто се користи во комерцијални производи.

Нашите La Vendita сокови и листови можете да ги нарачате преку нашата веб-страница, профилот на Инстаграм или профилот на Фејсбук или пак да го посетите Вашиот локален супермаркет – Веро.

Во моментов испраќаме во Северна Македонија, а наскоро и на други меѓународни локации.