Aloe Organic

Алое Вера е популарна состојка во медицинските и козметичките производи. Илјадници години нанзад Алое Вера се користи како третман за повреди и нарушувања на кожата. Александар Велики и Кристофер Колумбо го користеле за лекување на повредени војници. Египетските кралиците Клеопатра и Нефертити го кориселе гелот од Алое Вера листот како дел од нивната редовна рутина за убавина.

Во листовите Алое Вера се наоѓа гел кој е богат со витамини, минерали, амино киселини и антиоксиданси. Користењето на оваа неверојатна состојка – гелот од свежиот лист Алое Вера на Вашето лице му овозможува бројни придобивки, вклучително и длабинскa хидратација на кожата, потоа, спречува појава на сува кожа, го смирува  црвенилото и иритацијата на кожата, ја подобрува на еластичноста, стимулира регенерација и обновување на кожата, го забавува процесот на стареење на кожата, појавата на брчки  и ги намалува  веќе видливите брчки.

Сепак, и покрај мнoгуте придобивки од Алое Вера гелот, многу луѓе се уште веруваат дека ако го оставите Алое Вера гелот предолго на вашата кожа може да ја исуши.

Дали е безбедно да го оставите гелот од Алое Вера на Вашето лице преку ноќ?

 

Прочитајте ја оваа статија за да дознаете.

Дали гелот Алое Вера е безбеден да се остави на Вашето лице цела ноќ?

Краток одговор на ова е: ДА. Можете безбедно да го оставите Алое Вера гелот на Вашето лице преку ноќ. Алое Вера е блага, неиритирачка состојка која повеќето типови на кожа генерално можат да ја толерираат.

Има активни компоненти кои помагаат во подобрување на различни кожни состојби. Овие компоненти  исто така се безбедни и погодни за кожата.

Сепак, имајте на ум дека времето што Ви е потребно да го оставите Алое Вера гелот на Вашето лице секако зависи од Вашата цел на апликација.

 Еве неколку општи препораки:

  • Алое Вера како маска за лице

Алое Вера делува одлично за лекување на воспалена, мамурна или кожа под стрес. Нанесете дебел слој од гелот на Вашето лице. Оставете го да делува 10-15 минути пред да го исплакнете со млака вода.

 

  • Алое Вера за длабинска хидратација

Овој неверојатен тропски сукулент е многу нежен, богат го витамини и минрали кои ефикасно и длабински ја хидрира Вашата кожа. Намачкајте го Вашето лице со тенок слој свеж Алое Вера гел и оставете го да делува преку ноќ како што правите со Вашиот секојдневен хидратантен крем.

 

  • Алое Вера како третман за акни

Алое Вера делува и на чувствителна кожа склона кон акни. Нанесете мала количина на областа на која имате акни или мозолчиња и оставете да делува преку ноќ. Измијте наутро.

Кои се придобивките од оставањето на Алое Вера на Вашето лице преку ноќ?

Алое Вера е хранлива состојка за третман на кожата. Ги нуди следните придобивки:

  • Свежиот Алое Вера гел помага да се смири осипот на Вашето лице. Исто така, може да го забрза времето на заздравување од изгореници од сонце и други изгореници од прв или втор степен. 

  • Длабински ја  хидрира Вашата кожа. Мукополисахаридите, или долгите синџири на молекули на шеќер кои ја врзуваат влагата со кожата, помагаат да се одржи кожата мека и еластична наместо крута и цврста. Амино киселините исто така помагаат во затегнување на порите и омекнување на зацврстените клетки на кожата. 

  • Алое Вера содржи навлажнувачи кои го поддржуваат производството и ослободувањето на колаген и еластински влакна. Колагенот е структурен протеин кој помага да се намалат видливите знаци на стареење како што се брчките и фините линии. Еластинот помага да се подобри еластичноста на кожата и да се опорави од деформација.

  • Алое Вера гелот е преполн со антиоксиданси кои можат да помогнат да се поправат оштетувањата од сонцето. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали, кои се молекули кои содржат кислород и можат да предизвикаат оштетување на клетките и стареење. 

  • Помага во лекувањето на бактериски и габични инфекции. Полифенолите, група на антиоксиданси, помагаат во инхибирање на растот на бактериите кои предизвикуваат инфекции. Масните киселини како што е лупеолот исто така има антисептички и аналгетски својства. 

  • Има антиинфламаторни својства кои можат да ја намалат болката, отокот и болката при повреди и рани. Хормоните како што се гиберелините и ауксините се корисни во заздравувањето на раните. Содржината на колаген во растението, исто така, помага да се забрза контракцијата на раната и времето на закрепнување. 

  • Оставањето на Алое Вера на Вашата кожа преку ноќ ќе Ви овозможи да го извлечете максимумот од нејзините потенцијални придобивки. Клетките на Вашата кожа се обновуваат и се регенерираат ноќе. Затоа, нанесувањето на Алое Вера во текот на ноќта ќе помогне во оживување и обновување на Вашата кожа за да можете да се разбудите со свеж и светол тен.

Алое Вера е ефикасен третман за различни проблеми со кожата. Сепак, квалитетот на производот од Алое Вера директно влијае на неговата ефикасност.

 

Нашите La Vendita премиум Алое Вера свежи листови се:

100% ПРИРОДНИ и не содржат вештачки вкусови, бои или конзерванси.

 

100% ОРГАНСКИ и се одгледуваат и растат органски со природни материјали и органски земјоделски практики.

 

100% СВЕЖИ директно свежо собрани Алое Вера листови.

 

100% ECO-FRIENDLY листовите Алое Вера се засадени на еколошки начин и со голема почит кон животната средина и достапните ресурси.

Посетете ја нашата е-продавница