Алое Вера е популарна состојка за убавина која се користи во различни производи за нега на кожа и коса. Ова повеќенаменско растение има исклучителни лековити својства што го прави одлично за подобрување на состојбите на кожата.
Редовното користење на Алое Вера може да ја направи Вашата кожа мека, мазна и еластична.
Во продолжение ви предлагаме пет начини на кои можете да го користите свежиот Алое Вера гел за беспрекорна кожа.
Како хидратантна крема
Алое Вера е позната по своите хидрирачки својства. Но, најдоброто е што ја хидрира Вашата кожа без да ја прави мрсна. Исто така, погодена е за сите типови на кожа.
Само нанесете малку свеж гел од Алое Вера на лицето и вратот, оставете го да се исуши и измијте со млака вода за да имате мека и хидрирана кожа.
Алое Вера придобивки против стареење на кожата
Алое Вера е богата со витамин Ц и Е кои се од витално значење за младешкиот изглед на кожата. Редовната употреба на свеж гел од Алое Вера може да помогне во подобрување на текстурата на кожата, правејќи ја поеластична и намалувајќи ги знаците на стареење. Честата употреба на свежиот Алое Вера гел ќе ја направи Вашата кожа мека и еластична.
Анти бактериско својство
Алое Вера има антивоспалителни и лековити својства. Помага во смирување на иритираните акни. Исто така го намалува воспалението и црвенилото на Вашата кожа.
Ги осветлува флеките
Алое Вера може да биде корисна во чистењето на флеките. Содржи витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданси кои помагаат во исчезнувањето на лузните и темните дамки.
Измешајте свеж Алое Вера гел со сок од лимон и нанесете на погодената област за најдобри резултати.
Маска за лице
Алое Вера е одлична и како маска за лице. Бидејќи е подеднакво добра за сите типови на кожа, може да се користи во различни комбинации на маски за лице за да даде најдобри резултати.
Алое Вера нема никакви несакани ефекти, па затоа е одлична за чувствителна, мрсна и сува кожа.