Aloe Organic

Повеќето луѓе го консумираат сокот од Алое Вера, додека пак некои претпочитаат да го користат како состојка  во друга храна, како што се смуди, моктели или колачиња. 

La Vendita Алое Вера сокот нуди бројни здравствени придобивки и е добро познат за подобрување на многу состојби – од гастрични проблеми до проблеми со кожата. 

Меѓутоа, она што многу луѓе не го знаат е дека Алое Вера сокот може да биде и ефикасен третман за синдромот на иритабилни црева (IBS).

 Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе.

Што е синдром на иритабилни црева (IBS)?

IBS е хронична состојба која влијае на дигестивниот систем. Ова функционално гастроинтестинално нарушување е типично поврзано со непријатност или болка во стомакот. Може да предизвика и други симптоми како што се запек, дијареа, грчеви, надуеност или гасови. Овие симптоми може да траат со денови, па дури и месеци. Иако IBS е доживотна состојба, само мал процент од овие луѓе всушност доживуваат тешки симптоми. 

Повеќето луѓе овие симптомите  можат да ги контролираат со неколку промени во исхраната или во животниот стил. Ниту еден конкретен третман или терапија не функционира исто за секого, но повеќето луѓе можат да најдат соодветен третман кој ќе им помогне. Многу луѓе пријавиле значителни резултати и подобрувања од пиење сок од Алое Вера.

Кои се придобивките од Алое Вера сокот за IBS?

Постојат голем број на студии кои ги покажааат позитивните ефекти на Алое Вера врз гастроинтестиналното воспаление и симптомите на IBS. 

Систематската анализа направена во 2018 година од страна на „Журнал“ за неврогастроентерологија ја оцени безбедноста и ефикасноста на Алое Вера како третман. Истражувачите заклучиле дека гелот и соковите од Алое Вера се безбедни и ефективни третмани за IBS.

Сепак, тие исто така забележаа дека е неопходно дополнително истражување за да се утврди дали ќе се постигнат истите резултати за пациентите кои страдаат од различни подтипови на IBS.

Како можете да земете сок од Алое Вера за IBS?

Сокот од Алое Вера има смирувачки ефект врз симптомите на IBS.

За да го вклучите сокот од Алое Вера во Вашата исхрана можете да купите La Vendita сок Алое Вера или сами да направите дома од свежиот лист Алое Вера

La Vendita сок Алое Вера со пулпа или без пулпа

Нашиот сок од Алое Вера е природен сок со пулпа или без пулпа добиен од внатрешниот гел од листот Алое Вера. Сокот изобилува со хранливи материи и содржи  витамини А, Ц, Е и Б групата, вклучувајќи и Б12 и фолна киселина, потоа минерали како што се калциум, магнезиум, натриум, бакар, манган, калиум, цинк, хром и железо.

Состав на La Vendita Алое Вера сокот: органски сок од Алое Вера (99,8%) и 0,2% лимонска киселина.

  • Земете 50mlна ден. Може да се конзумира самостојно или да го мешате со други овошни сокови или мед.
  • Додавајте го секој ден во Вашиот омилен пијалок, смуди или мешавина од сокови.
 

Без конзерванси, бои или ароми. Без додадени шеќери и вода. Без глутен, без лактоза и погоден за вегетаријанци.  

Нашите La Vendita сокови Алое Вера со или без пулпа се природни, органски и не содржат АЛОИН (ALOIN-FREE). 

Безбедни за секојдневна употреба!

Можете сами да направите сок користејќи свеж гел од лист од Алое Вера

  1. Купете премиум свеж Алое Вера лист.
  2. Измијте и исечете ја основата и врвот на Aлое Вера листот.
  3. За да го остраните алоинот  – жолтиот сок, ставете го Алое Вера листот исечен на основата свртен надолу во длабок сад и оставете го да се исцеди 10-15 минути.
  4. Потоа долгиот лист Алое Вера иcечете го на половина. Користете остар нож за внимателно да го отстраните го зелениот дел од листот.
  5. Извадете го внатрешното желе – гелот Алое Вера.
  6. Измијте со гелот – желето со вода и оставете го да се кисне 6 до 12 часа за да го отстраните остатокот од  алоинот – жолтиот сок. 

Бидете внимателни со латексот или алоинот. Помеѓу надворешната кора на листот од Алое Вера  и внатрешното филе – гелот, се наоѓа жолт соклатекс кој е природен лаксатив. Латексот содржи природни лаксативи наречени антрахинони, кои можат да бидат корисни за ублажување на запек. Важно е да се напомене дека алоинот не се препорачува да се користи. Кога се зема во екстремно високи дози, алоинот може да биде штетен и не се препорачува за консумирање!

  • Во блендер ставете го измиениот Алое Вера гел.
  • Додадете вода по потреба и изблендирајте за да добиете сок.
  • Вкусете го сокот од Алое Вера и додадете засладувач или сок од лимета по вкус.

Можете да ги додавате парчињата од Алое Вера гелот во Вашето смуди, моктели и салати.

Како правилно да го извадите гелот од внатрешноста подетално прочитајте во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Погрижете се да се консултирате со Вашиот гастроентеролог пред да започнете да го користите сокот од Алое Вера како дел од Вашиот третман!

Посетете ја нашата е-продавница