Што е Кронова болест?
Кроновата болест е хронична воспалителна болест на цревата (IBD). Предизвикува воспаление и иритација во дигестивниот тракт. Може да биде зафатен било кој дел од гастроинтестиналниоттракт (GI) од устата до анусот, но најчесто го зафаќа крајниот дел на тенкото црево (илеум) или почетниот дел од дебелото црево (колон).
Се јавува претежно во младоста (20-25 години) или на постари години (65 години). Често се поврзува со автоимуни нарушувања, како што се орални улкуси и ревматски артритис. Генерално, луѓето со Кронова болест водат речиси нормален живот. Индивидуално, болеста зависи од неколку фактори, како што се локацијата и степенот на болеста, можните компликации и индивидуалниот одговор на третманот.
Не постои лек за Кронова болест. Одредени лекови, хирургија и промени во исхраната може да помогнат во ублажување на симптомите. Одредени хербални лекови се ефикасни во управувањето со воспалителни болести на цревата (IBDs), вклучувајќи ја и Кроновата болест.
Алое Вера помага во ублажување на симпомите. Потврдено е дека Алое Вера ги намалува симптомите на воспалителни болести на цревата и се користи како комплементарна и алтернативна медицина (CAM) како дополнување на други лекови и терапии за олеснување на симптомите. Воспалението го зафаќа целиот ѕид на зафатената област и често се протега до блиските мезентерии и лимфни јазли.
Што е Алое Вера?
Алое Barbadensis Miller или познато како Алое Вера е познат по своите лековити и подмладувачки својства и може да се зема и орално.
Алое Вера е растение без стебло која обично се одгледува во местата со тропска клима. Листовите се дебели и месести и со зелена или сивo зелена боја. Се одгледува за медицинска и декоративна примена. Припаѓа на Lilacae фамилијата. Гелот во Алое Вера листовите содржи полисахариди кои имаат неколку здравствени придобивки.
Алое Вера е универзално позната како лековита билка. Традиционално се користи за лекување на разни заболувања.
Придобивките од Алое Вера за Кронова болест
Лековитите својства на Алое Вера се корисни за третирање на симптомите на Кронова болест:
Алое Вера има антивоспалителни својства
Воспаление се јавува кога некој дел од телото e отечен и поцрвенет заради повреда или инфекција. Често резултира со болка. Воспалението на цревата е најчестиот и ран симптом на Кронова болест. Во некои потешки случаи, може да се појави воспаление на очите, зглобовите и кожата.
Алое Вера има воспалено-инхибиторен својства и содржи различни соединенија кои го спречуваат воспалението. Простагландините се соединенија во нашите ткива кои испраќаат сигнали до клетките на имунолошкиот систем да се акумулираат на местото на повредата и да продуцираат елементи за борба против патогени. Ова предизвикува воспаление на таа област. За време на инфекцијата, интерлеукините во телото им сигнализираат на имуните клетки да мигрираат во местото на инфекција. Исто така, реактивните метаболити на кислород, како што се супероксид (О2) и водород пероксид (H2O2) се произведуваат за зајакнување на клеточните ѕидови за да ги заштитат од патогени. Алое Вера ги намалува простагландините и ја инхибира патеката на циклооксигеназата (што доведува до формирање на простагландини), а со тоа го спречува воспалението.
Покрај простагландините, се покажа дека има и инхибиторен ефект врз производството на интерлеукини и реактивни кислородни метаболити кои се одговорни за предизвикување воспаление во цревата. Соединение наречено Ц-гликозил хромон неодамна беше пронајдено во Алое Вера за кое е познато дека има антивоспалителни својства. Брадикинин, пептид кој се наоѓа во нашето тело, е воспалителен модулатор кој предизвикува болка. Пептидазата брадикиназа која се наоѓа во Алое Вера го разградува овој брадикинин и со тоа ја ублажува болката.
Исто така, Алое Вера содржи соединение наречено лупеол кое помага во намалување на воспалението.
Што значи ова?
Алое Вера го намалува воспалението или отокот како резултат на Кронова болест во дигестивниот тракт со намалување на простагландините. Ова исто така ги намалува абдоминалните болки и грчеви кои се јавуваат поради воспалението.
Алое Вера е одличен антиоксиданс
Алое Вера е антиоксиданс. Го спречува или одложува оштетувањето на клетките предизвикано од Кронова болест. Антиоксидансите го спречуваат или го инхибираат процесот на оксидација. Оксидацијата се јавува на различни места на нашето тело. Тоа доведува до производство на слободни радикали како нуспроизводи. На овие слободни радикали им требаат електрони за да ги стабилизираат а истите ги земаат од клетките на телото. Ова ги оштетува клетките и може да доведе до клеточна смрт, предизвикувајќи заболувања и болести.
Нашето тело произведува и слободни радикали и антиоксиданси. Антиоксидансите помагаат во неутрализирање и отстранување на слободните радикали. Но, ако слободните радикали се побројни од антиоксидансите, тоа предизвикува проблеми.
Притоа, важно е нашата исхрана да вклучува што поголем број на антиоксиданси. Оксидациониот стрес, кој е нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите игра клучна улога во почетокот на воспалението и последователно влошување на болеста.
Цревата содржат различни микроби и се место за производство на слободни радикали. Овие слободни радикали доведуваат до оштетување или повреда на клетките и предизвикуваат Кронова болест. Затоа, потребни се антиоксиданси за да се спречи овој ефект. Антиоксидансите исто така го подобруваат и имунолошкиот систем.
Од Алое Вера е изолирано фенолно соединение за кое е докажано дека има антиоксидантни својства.
Што значи ова?
Присуството на антиоксиданти во Алое Вера го прави корисена алтернатива за третман на Кронова болест бидејќи го спречува оштетувањето на клетките во цревата и го спречува воспалението.
Алое Вера делува како имуномодулатор кај Кронова болест
Кроновата е болест поврзана со имунолошкиот систем и потребна е регулација на имунолошкиот систем за да се олеснат симптомите. Имунолошкиот систем се активира поради неколку бактерии или повреди кои доведуваат до оток и воспаление. Кога некоја бактерија ќе влезе во нашето тело или бактериите во цревата се зголемуваат на број, имунолошкиот одговор се активира и имунолошки клетки се ослободуваат за да се борат.
Алое Вера покажува имунорегулаторна активност. Ги активира клетките макрофаги. Макрофагите се големи специјализирани клетки кои имаат за цел да ги препознаваат, проголтуваат и уништуваат целните клетки. Го подобрува растот на фибробластите кои поттикнуваат имунолошки одговор во случај на повреда на ткивото. Исто така, го модулира имунолошкиот систем преку зголемување на фагоцитната активност (ингестија на бактерии од имуните клетки).
Ова ќе помогне во борбата против бактериите или туѓите супстанции кои би можеле да го поттикнат имунолошкиот одговор. Тие го зголемуваат производството на цитокини. Цитокините се супстанции кои вклучуваат интерлеукини, интерферон и фактори на раст кои помагаат во сигнализацијата на имуните клетки и клеточната координација.
Тие помагаат во ослободувањето на азотен оксид од овие клетки. Азотниот оксид има антибактериско дејство и помага во елиминацијата на штетните бактерии. Тие исто така го подобруваат присуството на површинските молекули кои се протеини присутни на површината на клетката и одговорни за клеточното врзување. Тие се од суштинско значење за добар имунолошки одговор.
Што значи ова?
Алое Вера делува како имуно-модулатор преку подобрување на синтезата и функционирањето на имунолошките клетки. Ова води до елиминација на штетните бактерии кои би можеле да предизвикаат Кронова болест.
Алое Вера го подобрува варењето
Алое Вера го спречува растот на различни патогени во цревата што може да доведе до дигестивни проблеми.
Има антимикробни и антибактериски својства кои ги спречуваат бактериите во цревата да предизвикаат инфекција. Ова обезбедува полесно и ефикасно варење.
Алое Вера содржи фитостероли кои помагаат во метаболизмот на гликозата и липидите. Ова води до подобрување на варењето.
Што значи ова?
Процесот на варење може да се подобри Алое Вера поради неговата способност да се бори против бактериите и да го подобри метаболизмот преку подобрување на цревната апсорпција.
Алое Вера ја спречува појавaта на чирови
Чировите се предизвикани како резултат на воспаление каде што клетките на имунолошкиот систем се акумулираат за да се борат против лошите бактерии.
Ова е предизвикано од простагландините кои му сигнализираат на имунолошкиот систем да го стори тоа. Алое Вера ги намалува простагландините кои предизвикуваат воспаление и дополнително може да доведат до појава на чир.
Алое Вера содржи полисахариди, антрахинони кои ја контролираат гастричната секреција и го инхибираат формирањето на чирови. Исто така, ја намалува големината на чировите и го потикнуваат заздравувањето на постоечките чирови.
Што значи ова?
Во тешки случаи на Кронова болест, афти во устата или чирови во други делови на гастроинтестиналниот тракт, можат да се спречат или третираат со Алое Вера.
Алое Вера има анти-бактериски својства
Присуство на туѓи бактерии или зголемување на бројот на бактерии кои природно се присутни во гастроинтестиналниот тракт. Ова е проследено со активен одговор од имунолошкиот систем кој ослободува различни имунолошки клетки, кои се акумулираат на местото на повреда или инфекција и предизвикуваат воспаление. Важно е да се ослободите од овие бактерии и да се спречи оштетување или повреда на клетките што може дополнително да ја влоши состојбата.
Алое Вера покажува антибактериски својства. Содржи различни соединенија кои се борат против бактериите на цревата и ги елиминираат. Се бори и против инфекциите предизвикани од бактериите. Тешките состојби на Кронова болест може да доведат до развој на апсцесии кои се места за инфекцијата. Алое Вера го инхибира и го спречува растот на бактериите во таквите области.
Што значи ова?
Алое Вера помага во борбата против несаканите и штетни бактерии на гастроинтестиналниот тракт и ги олеснува симпомите на Кронова болест.
Како да се користи Алое Вера за Кронова болест
Пред да земете каков било вид на природни додатоци, секогаш внимавајте да ги прочитате спецификациите на производите. Погледнете и прочитајте ги состојките за да бидете сигурни дека сокот од Алое Вера е со најдобар квалитет и уверете се дека е без латекс бидејќи Алое латексот – алоинот може да имаат одредени ризици.
Алое латекс – АЛОИН е жолта течност која се наоѓа под надворешната обвивка и е силен лаксатив. Може да резултира со грчеви во цревата, стомачни болки, гадење, повраќање и нерамнотежа на електролити. За Кронова болест, не е препорачливо да се консумира латексот од Алое Вера листот бидејќи содржи антрахинонски глукозиди, кои имаат силно лаксативно дејство. Може да предизвика грчеви во стомакот и дијареа.
Затоа, важно е да побарате совет од Вашиот доктор пред да одлучите да конзумирате сок од Алое Вера доколку имате Кронова болест. Докторот може да Ве советува дали можете да консумирате Алое Вера врз основа на Вашите симптоми. Алое Вера, исто така, има својства за зајакнување на имунитетот.
Бидејќи Кроновата болест е болест поврзана со имунолошкиот систем, треба да се биде внимателени при конзумирање на сокот Алое Вера за да немате прекумерно активен имунолошки систем.
Може да го пробате нашиот La Vendita Алое Вера сок со или без пулпа. Нашиот сок од Алое Вера е природен, органски производ и БЕЗ АЛОИН.
Единствени состојки на нашиот Алое Вера сок се: Органски сок од алое вера (99,8%) и 0,2% лимонска киселина.
- Без конзерванси, бои или ароми.
- Без додадена вода ниту додадени шеќери.
- Без глутен, без лактоза и погоден за вегетаријанци.
La Vendita Алое Вера сок е природен сок со или без пулпа од Алое Вера добиен од чистот внатрешен гел. Овој сок изобилува со хранливи материи и е полн со витамини и тоа А, Ц, Е и Б групата, вклучувајќи Б12 и фолна киселина, минерали како што се калциум, магнезиум, натриум, бакар, манган, калиум, цинк, хром и железо.
Дозирање:
- Земете 50ml на ден. Може да се конзумира самостојно или да се меша со други овошни сокови или мед.
- Додадете Алое Вера секој ден во Вашиот омилен пијалок, смути или мешавина од сокови.
Со цел да добиете максималните придобивки за Вас и Вашето здравје без никакви последици, важно е да побарате мислење од вашиот доктор за точното дозирање согласно Вашата состојба на болеста во комбинација со медицинскиот третман.
Алое Вера има докажани придобивки кај луѓето со синдром на иритабилни црева (IBD) и луѓето со Кронова болест ќе имаат корист од овие својства ако се земаат со внимание и мерки на претпазливост.
Доколку почувствувате какви било проблеми по земањето на Алое Вера или имате било какви алергиски реакции, прекинете ја употребата.