Главни Карактеристики
Рабудете ја Вашата убавина и имајте здрава кожа: AloeFace Facial Mask Maker ќе Ви овозможи природна, органска, висококвалитетна, мултифункционална и безбедна маска за лице која е направена од свежиот гел од Алое Вера листовите. Со овој AloeFace Facial Mask Maker апарат можете дома сами да си правите маски за лице и да уживате во Вашиот спа ден.
Природна и Органска DIY маска со апаратот AloeFace Facial Mask Maker: дозволете си да направите природни и органски свежи маски за лице, за очи, за усни и за нос со свежиот гел од Алое Вера листовите, кои содржат витамини, минерали, аминокиселини и колаген за да ја направат Вашата кожа свежа и здрава. Овие маски овозможуваат подобра апсорпција на хранливите материи за кожата на Вашето лице обезбедувајќи „green skincare“, враќање на флексибилноста и виталноста на кожата. Маските се безбедни и здрави и се апсорбираат многу брзо.
Автоматска AloeFace Mask Maker Machine: маската автоматски ќе се формира рамномерно на ABS калапот за маска само со истекување на течноста од апаратот, нема потреба од хартиена маска за да се обликува. Прилагодите ја маската за да биде совршена и подобро да Ви одговара на лицето.
Соодветна големина на калапот за маската: ABS калапот за маска одговара на обликот на човечкото лице и соддржи модел на калап за очи, нос и уста, што ја прави маска за лице совршена.
Тивок, автоматски и лесен апарат за ракување: со само едно копче за вклучување ги контролирате сите функции. Кликнете на копчето за вклучување за да го префрлите или потврдите режимот за правење маска или режимот за чистење на апаратот. Постапката за правење на маска трае само 5 минути, а тоа го прави овој апарат многу економичен и безбеден за третман за убавина на Вашето лицето во домашни услови. Деталните чекори за работа се опишани во упатството.
Заштеда на енергија и лесно чистење: овој апарат користи UVC стерилизација и виолетова технологија за чистење. Само префрлете го копчето на режимот за автоматско чистење за да ги отстраните остатоците од AloeFace Mask Maker апаратот штедејќи вода и енергија. Ве молиме користете ја четката за чистење за да го исчистите резервоарот за мешање.
Препорака: Ве молиме пред употреба внимателно прочитајте ги упатствата и мерките на претпазливост на AloeFace апаратот за правење на маски. Колагенот е вклучен во оваа кутија.
Пред да започнете со постапката на правење маска за лице, Ве молиме подгответе 20 ml свеж гел од Алое Вера листот и потоа измешајте го со водата според упатствата.
Како да го користите апаратот AloeFace Mask Machine за правење на маски за лице:
- Поставете го апаратот AloeFace Mask Machine на рамна површина.
- Поврзете го кабелот за напојување и приклучете го напојувањето.
- Допрете го копчето за вклучување за да се вклучи.
- Ставете ги состојките во апаратот и додадете 60 ml вода.
- Додадете 20 ml свеж гел од Алое Вера (погрижете се да го измешате свежиот гел од Алое Вера со вода пред да го ставите во резервоарот).
- Додадете 1 таблета колаген во резервоарот.
- Затворете го капакот и допрете го копчето за вклучување на апаратот за да започне со работа.
- По 5 минути, маската е завршена (сијаличката за работа на екранот е вклучена и има ѕвонење).
- Поставете го калапот за маска пред апаратот – притиснете го копчето за истекување на маската за да се излее течноста во калапот.
- Почекајте неколку минути маската да се олади.
- Користете го додатокот за да ја поткренете и извадите маската од калапот.
- Ставете ја маската на лицето.
Идеален за:
- Длабинска хидратација
- Кожа со текни линии
- Пигментација
- Акни
- Сува или мрсна кожа
- Намалување на порите
- Алергија
Придобивки:
- Сите состојки се природни
- Без хемикалии
- Против стареење
Што содржи:
- 1 x AloeFace Mask Maker – апарат за правење маски за лице
- 1 x калап за маска за лице
- 1 x 100 ml чаша
- 1 x кабел за напојување
- 1 x четка за чистење
- 1 x стругалка за маска
- 16 x биоактивени колаген таблети
- 1 x упатство за употреба
- една години гаранција
Спецификација:
- Сертификат: CE+ROHS
- Материјал: ABS + нерѓосувачки челик
- Тип на уред: AloeFace Mask Machine – апарат за правење маски за лице
- Функција: Изработка на природни маски за лице од свежиот гел од Алое Вера листови дома
- Напојување: AC 110-240V
- Максимална моќност: 90 W
- Работна фреквенција: 50-60HZ
- Температура на правење маска: 80℃
- Максимален волумен на вода: 80 ml (20 ml Алое Вера гел измешан со вода + 60 ml вода)
- Работен метод: екран на допир
- Време на правење маска: 5 минути
- Големина на машината: 119*99,5*151мм
- Нето тежина: 915 g
- Големина на калап за маска: 226*170*10мм
- Боја: Зелена
Како функционира AloeFace Mask Maker Machine?
AloeFace апаратот за правење на маски за лице ги трансформира витамините и природните состојки кои се наоѓаат во гелот од Алое Вера во форма којашто може да ја користите за нега на Вашата кожа! Создава гел на база на колаген во форма на маска за лице за да ја негува Вашата кожа.
AloeFace Mask Maker Machine – апаратот за правење на маски за лице го претвора гелот од Алое Вера листовите и колагенската таблета во гел маска смеса која се зацврстува во облик на лист од маска слична на желе. Сè што треба да направите е да додадете вода, гел од Алое Вера и колагенска таблета, потоа да го допрете копчето за старт и да почекате пет минути додека AloeFace Mask Machine ги меша и загрева состојките. Откако ќе биде готово, стиснете го копчето на AloeFace Mask Machine за да се излее смесата во калапот за маска и за да се излади и зацврсти. Откако ќе биде оладена, само треба да ја извадите од калапот и да ја ставите на лицето. Добредојдовте во иднина со DIY грижа за Вашата кожа.
Зошто ќе го сакате овој AloeFace Mask Maker апарат?
Главната предност на овој апарат AloeFace Mask Maker е тоа што ви дава слобода да креирате маски од свежиот Алое Вера гел кои се соодветни за Вашиот тип на кожа во домашни услови. Дополнително, маската за лице е безбедна и прилагодена на Вашите потреби бидејќи Вие самите ја правите дома.
Кога правите сопствена маска за лице, тогаш сте и сигурни за тоа кои состојки ги има во Вашата маска. Не треба повеќе да се грижите за контаминација со олово и жива. Исто така, не се грижите за надразнувачи на кожата кои може да го иритираат Вашето лице. Овој AloeFace Mask Maker апарат е најдобриот начин да се направи природен третман за нега на кожата во домашни услови! Лесен е за употреба и нема да направите неред во вашиот дом во процесот на правење природни маски за лице со здрав свеж гел од Алое Вера листовите.
AloeFace Mask Maker апарат за 100% органска и природна маска за лице од свежиот Алое Вера гел која совршено ќе одговара на потребите на Вашата кожа и е идеален подарок за секоја жена.
Забавувајте се правејќи си дома свежи маски за лице со свежиот гел од Алое Вера со AloeFace Mask Maker апаратот.
- Дали се добри маските за лице „направи сам“?
„Направи сам“ маските за лице се одлични за Вашата кожа. Ја подобруваат хидратацијата и можат да ги ублажат знаците на стареење. Бидејќи се природно направени, не содржат хемикалии и конзерванси и се погодни за чувствителна кожа.