Aloe Organic

Пакување од 3 Органски Алое Вера Сокови без Пулпа 3*500ml

7.010 ден (Цена со ДДВ)

Органски природен сок од Алое Вера БЕЗ ПУЛПА добиен од внатрешниот гел од свежиот лист Алое Вера Barbadensis Miller.

Алое Вера сокот изобилува со нутриенти како витамин А, Ц, Е и Б група, вклучувајќи Б12 и фолна киселина , како и со минерали и тоа калциум, магнезиум, натриум, бакар, манган, калиум, цинк, хром и железо. Богат е и со антиоксиданси.

Го поддржува здравиот начин на живот со помош на повеќе од 200 биолошки активни состојки, како што се витамини, минерали, ензими, амино киселини, полисахариди и природни шеќери кои природно се наоѓаат во Алое Вера и нудат севкупни здравствени придобивки.

La Vendita органскиот сок Алое Вера БЕЗ ПУЛПА природно го поддржува и зајакнува имунолошкиот систем штитејќи го од вируси и бактерии. Алое Вера сокот придонесува за подобрување на здравјето на гастроинтестиналниот тракт. Помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта, нормален метаболизам на гликозата и инсулинот, ја помага синтезата на инсулинот и го стимулира неговото ослободување, а помага и во оддржување на нормална телесна тежина.

Помага во поддршката на варењето, поддржува подобра функција на цревата и го намалува ризикот од синдром на интестинална пропустливост и синдром на мрзливо дебело црево и ја поддржува перисталтиката.

Помага за подобра физичката благосостојба и има корисен ефект врз исцрпеноста, помага во зголемување на отпорноста на ментален стрес, ја смирува непријатноста во мускулите и зглобовите и помага во стимулирање на метаболизмот. Благотворно делува и на женските репродуктивни органи а помага и во одржување на здрава кожа.

Грижете се за Вашето здравје! За да го подобрите Вашето здравје секојдневно конзумирајте сок од Алое Вера!

Додадете Алое Вера сок во било кој овошен напиток, смути, моктели или конзумирајте го самостојно за да имате здрав и балансиран живот!

Цената е со вклучено ДДВ 18%

Out stock

Нема на залиха

Општи информации:

Содржи 99,8% чист и природен неразреден сок добиен од внатрешниот свеж гел од Алое Вера листовите одгледувани органско и eco-friendly во стаклени градини во Шпанија. Свежите листови од Алое Вера рачно се берат и внимателно поединечно се обработуваат во чист и неразреден сок подготвен за пиење кој може да се користи на различни начини.

Kоличеството на аловероза или ацеманан во La Vendita Алое Вера сокот ја максимизира ефикасноста на сите придобивки кои ги пружа Алое Вера. Концентрацијата во ACEMANANS го гарантира квалитетот на сокот, a La Vendita  Aлое Вера cоковите содржат 15% пати над минимумот.

La Vendita Алое Вера соковите се разликуваат од другите производи на пазарот:

ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН и СЕРТИФИЦИРАН – за да се обезбеди квалитетот на La Vendita соковите, листовите од Алое Вера се одгледуваат во сопствени органски и eco-friendly стаклени градини во ЕУ – Шпанија. La Vendita Алое Вера производите имаат сертификат на Европската Унија за органско земјоделство, од CAAE за органски производи и Extremadura сертификат за храна и органски производи.  Покрај oва, посевите на Алое Вера се поддржани и од Global Gap стандардите за Good Agricultural Practices.

Состав:

Органски сок од Алое Вера (99,8%) и 0,2% лимонска киселина.

СОСТАВ100ml
Калории (енергија)12Kj/3kcal
Вкупни масти0g
Заситени масти0g
Јаглехидрати0,5g
Шеќери0g
Протеини0g
Калиум0,02g

 

Карактеристики:

  • 100% ЧИСТ ПРИРОДЕН и ОРГАНСКИ Алое Вера сок без ПУЛПА
  • Направен од внатрешниот гел од Алое Вера листот
  • Содржи повеќе од 200 биоактивни витални материи
  • БЕЗ АЛОИН
  • 100% ОРГАНСКИ
  • 100% ECO-FRIENDLY
  • 100% ПРИРОДЕН
  • 100 % ЗДРАВА ХРАНА
  • БЕЗ КОНЗЕРВАТИВИ, БЕЗ БОИ, БЕЗ ДОДАТОЦИ, БЕЗ ЗАСЛАДУВАЧИ
  • БЕЗ ДОДАДЕНА ВОДА И ДОДАДЕНИ ШЕЌЕРИ
  • БЕЗ ГЛУТЕН, БЕЗ ЛАКТОЗА
  • погоден за ВЕГАНИ
  • БЕЗ АНТРАХИНОНИ
  • БЕЗ тешки метали или пестициди
  • Алое Вера има лековити својства
  • Подготвен за пиење во стаклени шишиња во пакување од 3*500ml
  • Има разновидна употреба
  • Совршен за подготовка на вкусни освежителни пијалоци

Алое Вера придобивки: 

  • Зајакнување на имунолошкиот систем
  • Заштита и подобрување на дигестивниот систем
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Супер антиоксидант
  • Ја стимулира функцијата на цревата
  • Се грижи за гастроинтестиналниот тракт
  • Намалување на ЛДЛ холестерол
  • Губење на тежина и дијабетес
  • Превенција против стареење
  • Го намалува нивото на шеќер во крвта
  • Ја намалува горушицата
  • Се користи во третмани за Кронова болест  и хиатус хернија
  • Длабински ја хидрира кожата и спречува појава на брчки
  • Го намалува забниот плак

Препорачана употреба на производот:

  • Превенција и подобрување на целокупната здравствента состојба
  • Подобра физичка и ментална благосостојба
  • Внатрешна употреба
  • Грижа за Вашата кожа
  • Диети

Вид:

Алое Вера Barbadensis Miller. Organic Certificate Number 15574/P and the Control organization ES-ECO-021-EX.

Во последниот направен извештај за La Vendita Алое Вера соковите беше анализирана содржината на ацеманан, полисахарид со имуностимулантни, антивирусни и гастроинтестинални својства, и резултатот беше 793,8 mg/kg, 15 пати над минималната содржина во споредна со други Ало Вера листови.

Најдобар начин за конзумирање на La Vendita Алое Вера сокот без ПУЛПА

Сок од Алое Вера, направен дирекно од внатрешниот сочен гел од листовите е одличен додаток во многу рецепти. La Vendita сокот од Алое Вера е наменет како додаток во исхраната. Чистиот сок од Алое Вера има малку необичен вкус. Можете да додадете овошен сок, сируп од агава или мед доколку не сакате пијалокот да има природен вкус. Можете да го комбинирате со сок од јаболко или сок од бобинки. Сокот од Алое Вера може да се користи на различни начини, како во вкусно смути од манго или авокадо, вкусна супа, кремасти намази или освежителен пијалок со ароматични бобинки или различни моктели. За овошно, зачинето искуство, пробајте сок од Алое Вера во кобинација со ѓумбир, мандарина и куркума.

Посете го нашиот АЛОЕ ВЕРА БЛОГ за повеќе рецепти кои вклучуваат сок од Алое Вера!

Сега можете да нарачате 100% органски сок од Алое Вера во стаклени шишиња од 3*500ml онлајн! Секогаш вистинската убавина доаѓа од внатре!

Препорачана дневна доза:

50 ml на ден. Може да се конзумира самостојно или да се меша со други овошни сокови или мед секој ден пред појадок.

Чување:

Да се чува на суво и ладно место. По отварањето ставете во фрижидер на температура од 0-5ºC. Протресете пред употреба.

Нето количина

Органски Алое Вера Сок без Пулпа – пакување од 3*500ml во стаклени шишиња.

Рок на употреба:

12 месеци од датумот на производство.

Aлергени:

Не содржи алергени.

Совет:

Ние нудиме органски и природен сок од Алое Вера како освежување кое пружа неверојатно вкусно искуство.  Здрава и хранлива  основа за мешани пијалоци, моктели и смуди!

Забелешка:

Конзумирањето  на овој сок треба да биде со урамнотежена и разновидна исхрана и здрав начин на живот.  Следењето на здрав начин на живот и јадење разновидна и урамнотежена исхрана се од суштинско значење за задоволување на Вашите нутритивни потреби. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.

 

Тежина1,5 кг