Aloe Organic

Aлое Вера е сочен сукулент кој се користи поради своите лековити својства веќе со векови. Повеќето луѓе го препознаваат поради неговата способност да помогне во заздравувањето на исеченици и рани, а познати се е  придобивките од Алое Вера во производите за здравје и убавина. Доколку сакате да ја намалите Вашата телесна тежина, Алое Вера може да Ви помогне.

Од неодамна, Алое Вера е состојка што ја сочинува основата на многу додатоци, сокови и пијалоци за слабеење. Растението Алое Вера е богато со хранливи материи и има активни соединенија кои можат да помогнат во губење на телесената тежина, а истовремено да го подобрат квалитетот на Вашата коса и кожа.

Ако сакате да дознаете како Алое Вера  може да Ви помогне во намалување на телесната тежина, прочитајте ја статијава во продолжение. 

Во оваа статија, ќе ги разгледаме придобивките од користењето на Алое Вера во намалување на телесната тежина.

Придобивките од Алое Вера за намалување на телесна тежина

Еве некои од многуте придобивки од користењето на Алое Вера за губење на тежината:

Детоксикација на организмот: гелот од Алое Вера содржи ацеманан, сложен јаглехидрат кој ја забрзува способноста на клетките да ги апсорбираат хранливите материи, а истовремено врши детокцикација на отпадот. Аловероза или ацеманан е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем. Колку е поголема содржината на аловероза во сокот од Алое Вера толку се помоќни состојки што ги содржи и поголема е нејзината ефикасност. Нашите La Vendita производи  содржат 15 пати повеќе од минималната содржина на aловероза.

Го забрзува метаболизмот: со забрзување на метаболизмот, Вашето тело согорува повеќе масти. Витаминот Б кој се наоѓа во Алое Вера помага да се претворат складираните масти во енергија, а  тоа помага при губење на тежината.

Антиинфламаторни својства: Алое Вера e богата со антиоксиданси и помага во борбата против воспалението во телото. Храна богата со антиоксиданси исто така помага при губење на телесната тежина.

Го намалува задржувањето на водата: бидејќи Алое Вера може да има лаксативно дејство, може да помогне во борбата против задржувањето на водата.

Помага при варење: зголемувањето на телесната тежина често е поврзано со лошо дигестивно здравје. Алое Вера соддржи осум специфични ензими кои помагаат во варењето на храната. Овие ензими помагаат во разградувањето на мастите и шеќерите, а тоа  ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи и помага во варењето на храната.

Здраво срце: Алое Вера се бори со холестеролот и помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Алое Вера гелот се покажа и како ефикасен во намалувањето на холестерот, па дури може и да го замени со HDL (т.н. добар холестерол). Алое Вера дејствува како „чистач“, ослободувајќи ги ѕидовите на крвните садови благодарение на растителните стероли, германиум, аловероза, витамини, амино киселини и ензими.

Како да консумирате Алое Вера за да ја намалите телесната тежина

 Постојат повеќе начини да се конзумира Алое Вера за да помогне во намалување на Вашата тежина. Важно е да знаете дека треба да консумирате Алое Вера свеж гел или Алое Вера сок во мали количини за да избегнете несакани ефекти.

Ако имате чести проблеми со дијареа, можеби за Вас е најдобро да избегнувате конзумирање на  Алое Вера, а доколку се одлучите за пропишаната доза консултирајте  се со Вашиот доктор.

Листот од Алое Вера има три дела: надворешната обвивка (кожата), алоин или латексот и чистиот гел.

Можете да  ја користите и надворешната обвивка кога се работи за органски и природни производи. Алое Вера гелот  коj изобилува со 200 биолошки активни состојки, како што се витамини, минерали, ензими, амино киселини, полисахариди, природни шеќери и други биоактивни соединенија. Истите имаат антимикробни, антиинфламаторни, антиоксиданти, афродизијачки, антихелминтски, антифунгални, антисептички својства и својства за детоксикација на организмот кои ефикасно поддржуваат и промовираат здрав начин на живот!

Свежиот гел од Алое Вера може да има благ или горчлив вкус, па затоа е полесно да се конзумира ако го измешате со некое Ваше омилено овошје, сок или зеленчук. Можете да го користите  аое Вера гелот или сокот во Вашите рецепти за смути, салати, моктели или сокови од зеленчук. Можете исто така да го измешате со топла вода или сок од лимон и да додадете неколку капки мед за посладок вкус.

Не заборавајте да го отстраните слојот од АЛОИН – латексот. Измијте со гелот – желето со вода и оставете го да се кисне 6 до 12 часа за да го отстраните остатокот од  алоинот – жолтиот сок. 

 

Надворешниот дел од листот  (кожата) можете да ја додадете и во салата. Откако ќе ги исечете и измиете лушпите, потопете ја во вода 10-30 минути пред да ја користите за истата да омекне.

 

Како правилно да го извадите гелот од внатрешноста подетално прочитајте во постот 

ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

 

Несакани ефекти од Алое Вера

Некои несакани ефекти се поврзани со внесувањето на Алое Вера. Некои од нив се:

Дигестивни проблеми се најчестиот несакан ефект. Алое Вера понекогаш делува како лаксатив што може да предизвика стомачни грчеви и дијареа. Прекумерната употреба може да доведе до дисбаланс на електролитите и дехидрација.

Може да влијае на апсорпцијата на некои лекови.  Ако земате какви било лекови или имате какви било здравствени состојби, советувајте се со Вашиот доктор пред да почнете да конзумирате  Алое Вера.

Консумирање на Алое Вера  е поврзано со нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека Алое Вера може да го намали нивото на шеќер во крвта што може да Ве изложи на ризик од хипогликемија ако се користи прекумерно и во големи количини.

 

Посетете ја нашата е-продавница