Aloe Organic

Една од главните придобивки на Алое Вера гелот е тоа што ја хидрира Вашата кожа. Оваа придобивка е исклучително важна особено во ладните и зимски денови. Гелот од Алое Вера има и антиоксидантни и антибактериски својства. Ова е секако одлична придобивка бидејќи тоа значи колку повеќе истражувате за ова растение толку повеќе ќе Ви се допаѓа и ќе сакате да научите како да го вклучите во Вашиот секојдневна рутина за убавина.

Во продолжение прочитајте неколку начини како свежиот Алое Вера гел да стане дел од Вашето секојдневие, дел од Вашата рутина за убавина.

Отстранувачот на шминка со Алое Вера

Не е воопшто груб за Вашата кожа како повеќето средства за отстранување на шминка.  Алое Вера уште и ќе го хидрира Вашето лице додека ја отстранува и најтешката маскара без да ја оштети Вашата кожа.

Секојдневна нега на кожата со свеж Алое Вера гел

Свежиот Алое Вера гел е одличен бидејќи ќе ја подобри и подмлади Вашата кожа. Ако Вашата кожа страда од изгореници од сонце или лузни од акни, ова е нешто што дефинитивно Ви треба.

Тоникот за лице

Свежиот гел од Алое ера ќе Ви помогне во затегнување на порите без да го суши Вашето лице. Дури и ќе додаде дополнителна хидратација на Вашата кожа.

Маски за лице од свежиот гел од Алое Вера листoвите

Без оглед на тоа каков тип на кожа имате сува, мрсна или чувствителна Вашата кожа ќе биде хидрирана, сјајна и блескава.

Гел за веѓи

Алое Вера гелот може да се користи многу лесно како гел за веѓи доколку го нанесете на Вашата четка за маскара. Откако ќе ги премачкате веѓите, тие ќе останат такви  во текот на целиот ден. Многу жени велат дека овој трик им ги држи веѓите подобро од кој било производ што некогаш го користеле и исто така воопшто не е мрсен. Ако сакате веѓите да изгледаат побујни тогаш имате среќа, бидејќи Алое Вера е позната по тоа што го поттикнува растот на косата.

Спреј за фиксирање на шминка од свеж Алое Вера гел

Овој природен спреј не само што ќе ја задржи Вашата шминка во текот на денот, туку ќе го контролира сјајот, ќе спречи иритирање на Вашата кожа и ќе ја направи кожата мека и мазна на допир.

Пилинг за кожа

За да ги отстраните мртвите клетки од Вашето лице и да ја отстраните нечистотијата во порите, пилингот за кожа е посебно важен. Гелот од Алое Вера не само што е средство за чистење, туку е збогатен и со антибактериски својства. Овие својства се важни за нежно испирање на нечистотиите од Вашите пори.

Светли флеки, темни дамки и лузни од акни

 

Свежиот гел од Алое Вера делува кај сите овие состојби бидејќи има антибактериски, адстрингентни, антивоспалителни и антисептички својства. Комбинацијата со високата концентрација на влажност во себе го прави Алое Вера гелот ефикасен за да спречи појава на светли флеки, темни дамки и лузни од акни на Вашата кожа.

Посетете ја нашата е-продавница