Aloe Organic

Осип, изгореници од сонце, воспаление, чешање. Вашата кожа може да помине низ некои драматични промени во Вашиот животен век, но за среќа подобрувањето на тие проблеми не мора секогаш да биде некој скап производ  со 20 состојки кои понекогаш не можете ни да ги изговорите. Можеби е време да престанете да употребувате скапи мелеми и да почнете да користите нешто природно и смирувачко, како свеж гел од Алое Вера листовите? Досега можеби сте знаеле дека свежиот гелот од Алое Вера третира многу повеќе од  изгореници од сонце што ги добивате после долгиот ден на плажа. Ќе се изненадите кога ќе дознаете  што може да направи свежиот гел од Алое Вера! 

Во продолжение повеќе за  неговата ефикасност во третирање и ублажување на симпомите на осип и други кожни проблеми, па следниот пат кога ќе забележите осип или иритирана кожа, можете да посегнете по само една состојка – свежиот гел од Алое Вера листот.

Што е Алое Вера гел?

Алое Вера гелот е свежа и чиста состојка која се наоѓа во внатрешноста на листот Алое Вера. Овој сукулент има долга историја  во медицински цели, а датира уште од древниот Египет.

Направени се голем број на студии за користа од Алое Вера,  од третирања за изгореници од сонце до потенцијално забавување на ширењето на ракот на дојката, а истражувачите продолжуваат да ги  истражуваат придобивките од Алое Вера и нејзините многубројни производи.

Кои се придобивките од Алое Вера?

Докажано е дека Алое Вера пружа придобивки за кожата преку:

  • Зголемување на хидратацијата
 
  • Намалување на воспалението 
 
  • Помагање за побрзо зараснување на раните

Кои други состојби и болести со свежиот гел од Алое Вера може да се третираат?

Лековитите својствата на Алое Вера за заздравување на раните и за смирување на воспалението го прават корисен за секаков вид на кожни проблеми.

Псоријаза

Псоријазата е автоимуна болест на кожата која го забрзува циклусот на раст на клетките на кожата што предизвикува подигнати, лушпести дамки на кожата поради воспаление. Истражувањата покажуваат дека свежиот гел од Алое Вера може да го намали воспалението и да помогне во подобрување на имунолошкиот систем.

Бидејќи псоријазата може да предизвика чешање до крварење, гелот од Алое Вера не само што помага во олеснување на чешањето, туку помага и во заздравувањето на раните на оштетената кожа поради чешање.

Егзема

Егземата, исто така наречена и атопичен дерматитис, е хронична кожна состојба која предизвикува дамките на кожата да станат иритирани, што понекогаш доведува до лушпести и испукани области на кожата. Третманите имаат за цел да помогнат да се одржи кожата хидрирана, да се намали воспалението и да се спречат инфекции на кожата.

Бидејќи свежиот проѕирен гел од Алое Вера има природни антибактериски и хидрирачки својства, можете да го користите за хидратација на Вашата кожа,  а тоа може да помогне да се намали ризикот од егзема. Лековитите својства на Алое Вера може да помогнат оштетената кожа побрзо да зарасне. Иако не е докажано дека Алоето третира егзема, индивидуалните искуства и истражувањата за лековитите својства на гелот од Алое Вера посочуваат дека тој може да биде ефикасен во ублажување на симптомите на егзема.

Изгореници од сонце

Кога нашето тело е изложено на УВ зраците од сонцето, создава повеќе меланин за да се заштити. Меланинот е природен пигмент на кожата кој и дава боја. Колку повеќе меланин создава вашата кожа, толку повеќе може да потемнува, но оваа заштита е ограничена и најчесто резултира со изгореници од сонце. Секој дел од нашето тело што е изложен на сонце може да изгори, вклучувајќи ги усните, очите, скалпот и ушите. Можете да добиете изгореници и на облачен ден или ако носите тенка облека. За сите вакви ситуации може да ни помогне свежиот гел од Алое Вера.

Придобивките на свежиот гел од Алое Вера за лекување од изгореници се најмногу познати. Американската академија за дерматологија посочува дека користењето на гелот од Алое Вера е еден од најдобрите начини  за лекување од изгореници од сонце. Докажано е дека гелот од Алое Вера помага во лекувањето на изгорениците од прв и втор степен, а вториот степен вклучува појава на блистери, меурчиња, оток и црвенило. Гелот од Алое Вера е антибактериски и помага да се спречи лупење на кожата по претераното изложување на сонце. Алое Вера, исто така, има антиинфламаторни својства и висока содржина на вода што помага длабински да се хидрира Вашата кожа.

Акни

Акните се честа состојба на кожата што ја предизвикуваат блокирани пори, мозолчиња, цисти и други лезии на кожата кои понекогаш може да бидат многу болни и да изгледаат лошо. Алое Вера може да помогне во третирање и на оваа состојба на кожата. Цинкот, суштински минерал кој се наоѓа во Алое Вера, е една од најкористените состојки во природните витамински додатоци и производите за нега на кожата кои помагаат во третирање на акните и подобрување на флеките од акни.

Свежиот гел од Алое Вера листовите ја намалува количината на природно масло (себум) што го произведува кожата, а со тоа помага да се спречи една од основните причини за појава на акни. Можете да земате Алое Вера и орално – La vendita Алое Вера сок со или без пулпа, да го користите свежиот гел од  Алое Вера листовите во смути или да го користите локално во борбата против акните.

Посетете ја нашата е-продавница