Aloe Organic

Губењето на косата е значаен проблем со кој се соочуваат и мажите и жените. Можеби сте прочитале или сте слушнале дека користење на производи за коса од Алое Вера помогаат да се зголеми густината на Вашата коса, помагаат за раст на косата па дури и го подобруват Вашиот скалп.

Сигурно сте се запрашале како гелот од свежиот лист Алое Вера и помага на Вашата коса?

Алое Вера (или Aloe Barbadensis) е сукулент со многу корисни намени. Користењето на свежиот гел од Алое Вера листот темелно и длабински ја хидрира Вашата сува кожа и коса, а ги смирува изгорениците и другите иритации на кожата. Алое Вера гелот содржи хранливи и хидрантни состојки за Вашата коса заради витамините, минералите и масните киселини што ги содржи  во себе. 

Во продолжение, неколку предлози за тоа како можете да го користите гелот од свежиот лист Алое Вера за да го добиете најдоброто за Вашата коса.

Свежиот гел од Алое Вера листот помага при отплеткување на Вашата коса

Ако се соочувате често со заплеткана коса, свежиот Алое Вера гелот помага во процесот на отплеткување. Исто така помага да се избегне кинењето на косата при чешлање или четкање.

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот 

ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ ГЕЛ АЛОЕ ВЕРА!

 

Измиениот гел ставете го во блендер и изблендирајте неколку минути. Процедете со газа и ставете ја течноста, сокот од Алое Вера гелот во шише со распрскувач. Обилно испрскајте ја косата и користете четка за отплеткување за нежно да ја исчешлате и расплеткате косата. 

Сокот од Алое Вера гелот ќе ја направи Вашата коса многу мазна и природно длабински ќе ја хидрира. На овој начин додека ја расчешлувате Вашата заплеткана коса, ќе избегнете кршење на фоликулите на косата. 

Оставете го Алое Вера гелот на Вашата коса околу 30-тина минути и измијте вообичаено.

Свежиот гел од листот Алое Вера ја смирува иритацијата на скалпот

Првутот, во клиничка смисла, е предизвикан од состојба наречена себореичен дерматитис. Ако чувствувате чешање и имате лупење на скалпот, односно првут, гелот од свежиот лист Алое Вера ќе ви помагне да се смири скалпот. Алое Вера содржи ензими кои ја хидрираат и смируваат воспалената кожа и го намалуваат воспалението кога се нанесува на скалпот. Антиоксидативните својства на Алое Вера помагаат да се спречи оштетување на клетките, а антиинфламаторните дејства помагаат да се намали иритацијата.

Нанесете гел од свежиот лист од Алое Вера на скалпот и оставете да делува 30 минути до еден час. Користете го вашиот редовен шампон за да го исплакнете гелот. Правете го ова два до три пати неделно за најдобри резултати.

Свежиот гел од листот Алое Вера темелно ја чисти Вашата коса

Повремено се препорачува да се направи темелно чистење на косата. Ваквото темелното чистење не значи дека треба да ги одземете хранливите состојки од Вашата коса туку напротив. Користењето на природен производ како гелот од свежиот лист Алое Вера ќе Ви помогне темелно и длабински да го исчистите скалпот без да користите хемикалии.

Свежиот гел од листот Алое Вера го чисти коренот на влакното така што го отстранува вишокот себум, а не основните хранливи материи потребни за Вашата коса. Исто така, помага во отстранување на хемикалиите од производите за нега на коса. На овој начин ќе имате чиста и сјајна коса која не е оштетена а истовремено е богата со хранливи материи. За разлика од другите хемикалии, свежиот гел од листот Алое Вера ја зачувува виталноста на Вашата коса и е многу нежен.

Гелот од листот Алое Вера е многу мек и прилагодлив. Користете го Алое Вера гелот за да го протриете скалпот и низ должината на целата коса. Немате потреба од дополнително користење на шампон, но сепак доколку сакате можете да го користите заедно со Вашиот шампон. Откако темелно ќе го втриете гелот во Вашата коса, исплакнете со вода како и обично. Гелот од свежиот лист Алое Вера многу лесно се мие, заедно со сета нечистотија, маснотијата на косата и остатоците од производи за нега на коса.

Свежиот гел од листот Алое Вера ја обновува и зајакнува Вашата коса

Свежиот гел од листот Алое Вера содржи витамини А (бета-каротен), Ц и Е кои се антиоксиданти и придонесуваат за обновување на клетките. Обновувањето на клетките подразбира здрав раст на клетките, а  значи и здрава коса. Витаминот Б12 и фолните киселини исто така ги има во свежиот гел од листот Алое Вера, а овие две компоненти ја одржуваат косата силна и го спречат нејзиното опаѓање.

Алое Вера се користи поради високата содржина на колаген и својствата за ладење од изгореници од сонце, а истите тие својства го прават идеален за да се користи за обновување на оштетената коса. Користењето на свежиот гел од листот Алое Вера еднаш неделно помага во обновување и зајакнување на фоликулите на косата.

Можете да го користите свежиот гел од Алое Вера самостојно или да го измешате со Вашиот омилен производ за обнова на косата. Бидете внимателни која количина ја аплицирате за секојдневна употреба. Ако нанесете премногу, ќе треба да го измиете вишокот.

Дали свежиот гел од листот Алое Вера е безбеден за Вашата коса?

Свежиот гел од листот Алое Вера генерално се смета за безбеден, но некои луѓе може да имаат алергиска реакција на растението. Ако користите свеж гел од листот Алое Вера за прв пат, нанесете мала количина гел на внатрешноста на лактот или зглобот. Ако имате алергија, веројатно ќе забележите реакција, како црвенило, чешање или печење во рок од неколку часа. Ако сте алергични на кромид или лук, тогаш можеби сте алергични и на Алое Вера. Растението Алое Вера припаѓа на фамилијата Asphodelaceae (Liliaceae), која вклучува лилјани, лалиња, кромид, лук,  аспарагус… Ако имате алергија на Алое Вера, важно е да не го користите на вашиот скалп. Гелот може да ја  влоши состојбата со вашиот првут.

Алое Вера може да ја зголеми апсорпцијата на хидрокортизон и други стероидни креми во Вашата коса. Ако планирате да користите хидрокортизон и Алое Вера на истата област, Ве молиме прво консултирајте се со доктор.

Откако ќе направите тест на самото место на кожата, почекајте најмалку еден час.  Ако немате никаква реакција, можете безбедно да го нанесувате свежио гел од листот Алое Вера.

Како да направите маска за Вашата коса со свежиот гел од листот Aлое Вера

  • Направете маска за коса со мешање 1 дел гел од свеж лист од Алое Вера и 1 дел кокосово масло (за 1 лице нема да ви требаат повеќе од неколку лажици). Убаво изблендирајте ги.
  • Нанесете ја маската на косата и скалпот во делови. Започнете од средината на Вашите прамени и движете се надолу до крај, а потоа вратете се назад и измасирајте го скалпот.
  • Завиткајте ја главата во капа за туширање, а потоа крпа и оставете ја маската да делува 30 минути. Исплакнете темелно со чиста вода (по потреба користете благ шампон).

Можете да користите различни комбинации на овој рецепт како што се Алое Вера + јаболков оцет или Алое Вера + јогурт.

Посетете ја нашата е-продавница