Во периодот на пубертет најмногу посакувавме да не треба да се соочиме со мозолчиња и акни на нашето лице. Но, за жал често кожните состојби и проблемите со хормоните можат да останат со нас со години, па така акните може да следат многу од нас до зрелите години.
Алое Вера гелот се користи за лекување на кожни заболувања веќе илјадници години. Во овој пост подетално ќе опишеме како свежиот Алое Вера гел се користи за третирање на акни и лузни од акни.
Што е Алое Вера?
Постојат повеќе од 400 видови на растението aлое, но оној што ни е најпознат и ги има најголемите придобивки е сочниот сукулент со остри рабови наречен Aloe Barbadensis, попознат и како Алое Вера.
Алое Вера е широко позната во индустријата за кожа и убавина бидејќи се користи како состојка во производи за нега на кожа и козметика.
Денес, Алое Вера има цела индустрија зад себе, бидејќи нејзината внатрешност – гелот се користи во козметика и во производи за нега на кожа, како што се креми за хидратација на кожата, сапуни, пени за бричење.
Исто така, одамна е познато дека свежиот Алое Вера гел помага во смирување на изгорениците од сонце. Нанесувањето на свеж гел од листот Алое Вера на изгореници е сè уште еден од најдобрите начини за брзо заздравување и ослободување од помали изгореници.
Дали Алое Вера делува за акни?
Многу студии ја потврдуваат ефикасноста на гелот од Алое Вера кој се покажа дека има антиинфламаторни својства кои помагаат во лекувањето на благи до умерени акни.
Истражувањата исто така покажуваат идека гелот од Алое Вера листовите има и микробни својства, што гo прави идеален за заздравување и нега на раните.
Ова значи дека Алое Вера гелот може да го намали количеството на бактериите кои што ги предизвикуваат акни на кожата и да помогне во заздравувањето на присутните лезии.
Како да користам свеж гел од Алое Вера за моите акни?
Свежиот гел од Алое Вера листовите може да се нанесе директно на кожата. Можете да го користите самостојно или да го комбинирате со други природни лекови за акни.
Познато е дека гелот од Алое Вера е ефикасен и со традиционалните третмани за акни и може да се користи заедно со други лекови за акни.
Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!
Како Алое Вера помага при лузни од акни?
Веќе е докажано дека свежиот гел од Алое Вера листот помага при изгореници и лузни од изгореници, а за тоа се направени и голем број на студии. Постојат неколку начини на кои свежиот Алое Вера гел може да помогне да се намалат лузните од акните кога се нанесува на кожата, како што се:
Зајакнување на имунолошкиот одговор. Студиите покажаа дека Алое Вера гелот го зајакнува имунолошкиот одговор и помага да се намали црвенилото при лузни.
Производство на колаген и еластин. Со редовно користење на свежиот Алое Вера гел на Вашата кожата помагате да се стимулира производството на колаген.
Го намалува воспалението. Алое Вера докажа дека го намалува на воспалението предизвикано од лузни и акни.
Начини за користење на Алое Вера гелот за акни
Еве неколку начини на користење свеж гел од Алое Вера листовите за третирање и борба против акните и лузните од акни:
- Свеж и чист гел од Алое Вера листот
- Маска за лице со свеж гел од листот Алое Вера, мед и цимет
- Пилинг за лице со свеж гел од листот Алое Вера, кокосово масло и шеќер
- Спреј за лице со свеж гел од листот Алое Вера и вода
- Маска за лице со свеж гел од листот Алое Вера и лимон
- Крема за лице од свеж гел од листот Алое Вера и бебешко масло
- Комбинирање на свеж гел од листот Алое Вера и јаболков оцет
Дали има некои несакани ефекти од користењето на Алое Вера?
Алое Вера е целосно природан, така што несаканите ефекти воошто и да не постојат, освен ако не сте алергични, затоа погрижете се прво да направите тест на мал дел од раката пред да го ставите свежиот Алое Вера гелот на Вашето лице.