Општи информации:
Алое Вера е лековито растение кое се користи за трeтирање на различни здравствени состојби веќе илјадници години. Листовите Алое Вера Barbadensis Miller се собрани од зрели растенија Алое Вера кои се одгледуваат органски и eco-friendly во стаклени градини во Шпанија. Се издвојуваат по нивната големина и количина на свежиот внатрешен Алое Вера гел, кој ги содржи сите хранливи својства и придобивки за користење во исхраната, за надворешна како и за козметичка употреба.
За да ги задржат своите својства и за да ја зачуваат свежината La Vendita Алое Вера листовите се берат непосредно пред самата конзумација. Свежите Алое Вера листови имаат смирувачки, антимикробни, антиинфламаторни, антиоксиданти, афродизијачки, антихелминтски, антифунгални и антисептички својства кои ефикасно ја поддржуваат и подобруваат целокупната здравствента состојба и промовираат здрав начин на живот.
Квалитетот на свежите La Vendita Алое Вера листови е потврден со сертификат на Европската Унија за органско земјоделство, од CAAE за органски производи и Extremadura сертификат за храна и органски производи. Покрај oва, посевите на Алое Вера се поддржани и од Global Gap стандардите за Good Agricultural Practices.
Начин на користење:
Исечете ја основата и врвот на Алое Вера листот. Ставете го листот во длабок сад свртен со основата надолу за да се изцеди алоинот. Почекајте 30-тина минути и потоа извадете го внатрешното желе – Алое Вера гелот отстранувајќи го зелениот дел од листот (кожата).
Доколку го употребувате надворешно, свежиот гел од Алое Вера е подготвен за употреба во креми, маски или со директно нанесување на кожата. Можете да го нанесувате свежиот Алое Вера гел локално за третирање на Вашата кожа при разни кожни состојби како и за изгореници. Нанесете го свежиот гел од Алое Вера директно на Вашата кожа.
За конзумирање како храна треба да се измие со многу вода и да се остави да кисне во вода за да се отстрани алоинот.
Измијте го Алое Вера гелот со вода и оставете го да се кисне 6 до 12 часа. Може да го конзумирате како храна. Додадете ги парчињата од Алое Вера гелот во Вашето смути, салати, сокови или изгмечете го гелот и консумирајте го сокот од свежиот Алое Вера лист.
За да направите сок од Алое Вера листот, користете 1 чаша течност за секои 2 лажици гел од Алое Вера. Додадете било какви други состојки како овошје и користете блендер или процесор за храна за да го измешате пијалокот. Се препорачува да се консумираат околу 50 мл сок од Алое Вера дневно.
Прочитајте некои од рецептите на нашиот АЛОЕ ВЕРА БЛОГ за да направите домашен производ за убавина или за конзумирање.
Свежите парчиња гел од Алое Вера чувајте во фрижидер, но најдобро е да ги консумирате што е можно поскоро. Секогаш можете да го чувате Алое Вера гелот во замрзнувач и да го искористите во иднина.
Пакување на производот:
Листовите Алое Вера се заштитени со хартиени обвивки за да се спречи нивно оштетување. Доколку порачате Алое Вера листовите по електронски пат, истите ќе бидат испорачани преку нашите специјализирани партнери за достава и секој премиум Алое Вера лист е спакуван во картонска кутија.
Технички податоци:
Премиум Алое Вера листот е долг околу 70-75 см и 13-14 см широк во основата. Просечната тежина на секој лист е повеќе од 1 кг.
Важна информација:
Ве молиме прочитајте повеќе во ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!
Детали за производот:
- Свежи Алое Вера листови од стаклени градини – greenhouses во Шпанија – ЕУ
- Премиум Алое Вера лист полн со свеж Алое Вера гел
- 100% Органски
- 100% Еco-friendly
- 100% Природен
- 100 % Здрава храна
- Премиум
- Свеж
- Алое Вера има лековити својства
- Секој лист е свежо собран, исчистен и спакуван за испорака
- Не се користат хормони за раст, пестициди или хемикалии
- Не е токсичен и нема несакани ефекти
Алое Вера придобивки:
- Зајакнување на имунолошкиот систем
- Заштита и подобрување на дигестивниот систем
- Ја подобрува циркулацијата
- Супер антиоксидант
- Намалување на ЛДЛ холестерол
- Губење на тежина и дијабетес
- Превенција против стареење
- Го намалува нивото на шеќер во крвта
- Ја намалува горушицата
- Се користи во третмани за Кронова болест и хиатус хернија
- Длабински ја хидрира кожата и спречува појава на брчки
- Помага во третирање на рани и кожни заболувања
- Го намалува забниот плак
Препорачана употреба на производот:
- Внатрешна употреба
- Надворешна употреба
- Превенција и подобрување на целокупната здравствента состојба
- Грижа за Вашата кожа
- Грижа за Вашата коса
- Диети
Вид:
Алое Вера Barbadensis Miller. Organic Certificate Number 15574/P and the Control organization ES-ECO-021-EX.