Aloe Organic

Алое Вера е магично растение кое има чудотворно дејство за Вашето здравје, Вашата кожа и Вашата коса. 

Можеби се прашувате што да правите со листот од Алое Вера?

Алое Вера листот може да го исечете, излупите и замрзнете за да свежиот гел Ви биде лесно достапен за секојднева консумирање, за локална употреба или пак да го измешате со други состојки за да длабински ја хидрирате Вашата кожа или пак можете да го нанесeте и на Вашата коса.

Освен што ги ублажува изгорениците, можете да го консумирате во форми на пијалоци за дополнителни здравствени придобивки.

Кој е најдобриот начин да се екстрахира свежиот гел од Алое Вера листот?

1. Под ладна вода, измијте го Алое Вера листот

Проверете дали листот е чист и без нечистотија и лепливи остатоци. Оставете го листот од Алое Вера да се исуши природно.

2. Алое листот треба да се отсече на врвот и на дното

Исечете го горниот и долниот крај од листот (каде што листот е прикачен на растението) користејки остар нож и чиста даска за сечење. Во овие делови нема многу гел од Алое Вера.

picture source wikiHow

3. Оставете го алоинот да се исцеди

Исечениот крај на растението треба да се стави надолу во теглата или подлабок сад. Поставете го листот исправено во длабок сад  или тегла околу 15 минути пред да продолжите.

Алоинот е жолто-кафеав сок со горчлив вкус. Ова ќе овозможи алоинот или Алое Вера латексот (жолто-кафеава течност) да се исцеди од листот. Конзумирањето алоин може да предизвика дијареа и други стомачни проблеми.

picture source wikiHow

4. Листот од Алое Вера треба да се исече од двете шилести страни

Кога ќе го сечете листот од Алое држете ги Вашите рацете подалеку од шилците што се движат по секоја страна.

Проверете дали Алое листот е рамно поставен наспроти даската за сечење. Поминувајќи го ножот по должината на листот, исечете ги шилестите страни. Треба да се обидете да отстраните што е можно помалку од сочниот и свеж Алое гел.

picture source wikiHow

Ќе имате поголема контрола за сечење доколу користите помал остар нож наместо голем готвачки нож.

5. Со помош на алатка за лупење зеленчук – лупачка, излупете ја горната и долната надворешна страна од листот

Држете го листот од Алое рамно на даската за сечење. Излупете го листот од врвот надолу со помош на лупачката за зеленчук. Започнете од врвот на листот и одете надолу, отстранувајќи ја надворешната кожа на делови. Повторете го процесот на лупење од другата страна на листот Алое.

Откако ќе ја завршите оваа постапка, зелената надворешност на Алоето треба да ја нема, оставајќи го само непроѕирниот гел внатре. Ако не можете да ги отстраните малите зелени ленти со Вашата лупачка, користете нож за внимателно да ги извадите.

Гелот од Алое ќе биде леплив и лигав. Раката во која ја држите лупачката/ножот, обидете се да ја држите колку што е можно сува.

picture source wikiHow

6. Свежиот гел од Алое Вера исечете го на коцки

Направете мали коцки од Алое со еднаква големина со помош на Вашиот нож, внимавајќи да не ги исечете рацете.

Можете да го исечете гелот во која било која друга големина што сакате. Малите коцки се многу добра големина за  да ги мешате во смуди или пијалоци подоцна.

7. Ставете ги коцките од Алое гелот во чист сад и измијте ги со многу вода

Доколу сакате можете да ги покиснете коцките гелот од Алое во вода преку ноќ или од 6 до 12 часа.

Посетете ја нашата е-продавница