Алое Вера нуди многу придобивки за Вашата кожа. Антибактериските и антивирусните својства кои ги поседува Алое Вера помагаат за длабинско хидрирање на кожата, а антиинфламаторните својства ги намалуваат брчките и тенките линии, па дури ја намалуваат и појавата на лузни.
Редовно користење на свежиот Алое Вера гел како дел од Вашата рутина за нега на кожата може да помогне да ја подобрите еластичноста на кожа и да го вратите природниот сјај. Советуваме да го користите свежиот Алое Вера гелот на правилен начин.
Во продолжение препораки како да користите свеж Алое Вера гел за најдобри резултати.
Придобивките од Алое Вера за Вашето лице
Свежиот гел од Алое Вера листовите е исклучително богат со витамини, минерали, антиоксиданси и амино киселини, што го прават многу ефикасен и се препорачува за подобрување и третирање на многу состојби.
Придобивките од Алое Вера за Вашето лице:
- Има антиинфламаторни својства кои можат да ја намалат болката, отокот и болката при рани и повреди
- Го поддржува производството на колагенот
- Го забрзува времето на зараснување на раните и може да ги намали лузните
- Изгорениците од прв и втор степен побрзо заздравуваат кога се третираат со Алое Вера гелот
- Лекува бактериски и габични инфекции
- Поради своите антиоксидантни дејства делува регенеративно на оштетувањата од сонцето и да го забавува процесот на стареење на Вашата кожа
- Ја заштутува кожата од оштетување предизвикано од терапија со зрачење
- Бидејќи Алое Вера се состои од 99% вода, длабински ја хидрира Вашата кожа
- Ја прави Вашата кожа поеластична
- Ги разладува осипите и изгорениците од сонце
Состојби што може да се третираат со Алое Верa
Алое Вера со векови се користи во третманите за проблемите со кожата. Некои од кожните состојби што може да ги третира свежиот Алое Вера гел:
Акни
Изгореници од сонце
Мали изгореници
Рани
Габични инфекции
Егзема
Розацеа
Кожа оштетена од сонце
Каснувања од инсекти
Како да добиете најдобри резултати користејќи свеж Алое Вера гел?
За да бидете сигурни дека користите природен, органски и свеж Алое Вера гел, најдобар начин е да го извадите свежиот гел од нашите Алое Вера премиум листови.
Една од најдобрите работи од свежиот гел од Алое Вера листот е тоа што сега можете веднаш да го користите. Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!
Пред да нанесете свеж гел од Алое Вера на Вашето лице, направете тест за алергија. За да го направите ова, нанесете мала количина свеж Алое Вера гел на внатрешноста на Вашиот зглоб. Оставете го да делува 24 часа. Ако почувствувате чешање, оток или промена на бојата, не користете Алое Вера на Вашето лице.
Советувајте се со Вашиот лекар доколку имате какви било прашања во врска со употребата на свежиот Алое Вера гел.
Начини на кои можете да го користите свежиот гел од Алое Вера листовите:
- Средство за чистење на лице
Земете мала количина свеж гел Алое Вера и исчистете го Вашето лицето со кружни движења се додека кожата не биде целосно покриена. Исплакнете и избришете.
- Тоник за лице
Измешајте еден дел свеж гел од Алое Вера листот со два дела вода. Чувајте во фрижидер во херметичкo затворено шише. Пред употреба, добро протресете.
- Каснувања од инсекти
Добро измијте ја кожата и исушете ја. Покријте го убодот со свеж гел од Алое Вера листот и оставете да делува 15-20 минути. По потреба повторете.
- Исекотини и помали рани
Добро измијте ја кожата и оставете ја да се исуши. Нанесете свеж гел од Алое Вера на исекотината или раната и покријте со завој преку ноќ. Повторете по потреба.
- Антифунгален третман
Нанесувајте свеж гел од Алое Вера листот на кожата три пати на ден во период од две недели.
- Хидрирајте ја Вашата кожа и олеснете ги симпомите од егзема
Нанесете свеж гел од Алое Вера на кожата и оставете да делува пет до десет минути, а потоа исплакнете со ладна вода и исушете.
- Акни и розацеа
Измешајте една лажица свеж гел од Алое Вера листот и две до три капки сок од лимон или масло од чајно дрво и чувајте во затворен сад во фрижидер. Исчистете го Вашето лице и нанесете мала количина на дамките од акни до два пати на ден.
- Изгореници од сонце
Чувајте го свежиот Алое Вера гел во фрижидер и нанесете го изладениот гел на изгореното место до три пати на ден додека Вашата кожа не се врати во нормала.
- Мали изгореници
Нанесете тенок слој од изладениот свеж гел од Алое Вера на изгореницата, покријте со завој и оставете да делува преку ноќ.
Уживајте во придобивките од Алое Вера без ризици
Алое Вера е генерално безбедна за употреба на Вашето лице и може да третира многу кожни заболувања со своите лековити својства богати со витамини. Алое Вера се смета за безбедна за употреба на Вашето лице и нема познати сериозни здравствени ризици.
Сепак, некои луѓе со сува или чувствителна кожа може да почувствуваат печење по употребата на свежиот гелот од Алое Вера.
За да се уверите дека не сте алергични на Алое Вера, погрижете се прво да направите тест на раката пред да започнете со користење на свежиот Алое Вера гел на Вашето лице.