Aloe Organic

Алое Вера е сукулент кој се користи веќе стотици години како природен лек за изгореници од сонце и за лекување на разни здравствени состојби, како што се и осип и егзема. Алое Вера е растение кое има три дела и тоа свеж и чист Алое Вера гел, латекс и заштитен надворешен слој. Чистиот гел во неговите долги, дебели листови изобилува со активни хранливи материи, витамини, минерали и амино киселини кои можат да помогнат во третирање и подобрување на одредени здравствени проблеми поврзани и со Вашата кожа околу очите. 

Луѓето обично го користат растението или гелови и креми направени од него за лекување на изгореници од сонце. Освен што помага да се излади и смири воспалената кожа, хидрантните својства на Алое Вера гелот го праваат да биде барана и многу популарна состојка за негата на кожата. Гелот од Алое Вера може да биде корисен и за многу други кожни проблеми, како и за спречување на појава на брчки.

Дали има посебни придобивки од користењето на гелот од Алое Вера околу очите и дали е безбедно тоа да се практикува? Краткиот одговор е ДА.

Ако се прашувате како гелот од Алое Вера е ефикасн за третман околу очите, прочитајте во продолжение.

Алое Вера помага да се подобри изгледот на темните кругови

Темните кругови се појавуваат кога кожата под очите изгледа потемна од вообичаеното. Темните кругови се честа појава и вообичаено не се знак за медицински проблем. Повеќето луѓе веруваат дека темните кругови се предизвикани од замор или недостаток на сон. Сепак, постојат и други причини за нивното појавување, како што се:

Возраст: како што старееме, кожата околу очите станува потенка. Како резултат на тоа, крвните садови стануваат повидливи, поради што пределот под очите потемнува.

Алергии: алергиските реакции предизвикуваат телото да ослободува хистамини, кои предизвикуваат проширување на крвните садови и стануваат повидливи.

Дехидрација: областа под очите е многу подложна на дехидрација. Кога сте дехидрирани, кожата под очите почнува да изгледа потенка.

Прекумерна изложеност на сонце: прекумерната изложеност на сончева светлина може да резултира со прекумерно производство на меланин, сложени полимер одговорен за пигментацијата на кожата и косата. Кога има премногу меланин, може да се појави хиперпигментација во пределот под очите.

Генетика: темните кругови можат да бидат наследни.

Напрегање: подолго гледање во компјутер или телевизиски екран може да предизвика замор на очите. Резултатите, исто така, може да предизвикаат проширување на крвните садови околу очите со што тие стануваат поистакнати.

Гелот од Алое Вера помага да се осветли пигментацијата и промената на бојата на кожата во пределот под очите. Ја одржува Вашата кожа еластична и ја хидрира со што ги намалува симптомите на дехидрација. Една студија потврди дека гелот од Алое Вера може да помогне во подобрување на еластичноста на кожата, зајакнување на производството на хијалуронска киселина и колаген и намалување на брчките на лицето.

Алое Вера помага во ублажување на иритацијата или црвенилото

Чувствителната кожа околу очите може да се иритира од изложување на сонце, лекови, дехидрација, па дури и од секојдневно чистење на лицето.

Гелот од Алое Вера содржи ензими и масни киселини кои помагаат да се намали воспалението и црвенилото. Алое Вера има и антигабични, антибактериски и антиинфламаторни својства кои помагаат во смирување на погодената област, заздравување на кожата и спречување на инфекции. Само имајте на ум дека ефектите на Алое Вера врз воспалението на кожата често се привремени.

Ако симптомите траат подолго од неколку дена, најдобро е да побарате стручна медицинска помош за соодветна медицинска евалуација и третман.

Алое Вера помага во ублажување на симпомите на подуеност или оток под очите

Утринското отекување е предизвикано од акумулација на течност околу очите. Некои од типичните причини се прекумерна внесување на сол, стрес, дехидрација, замор и алергии. Бидејќи кожата во оваа област е многу тенка, дури и мали количини течност може да доведат до забележителен оток.

Алое Вера има моќни антиоксидантни својства кои се многу ефикасни во намалувањето на отокот или подуеноста околу очите. Содржи магнезиум, калиум, селен и цинк, кои помагаат да се зајакне кожата и да се поправат оштетените клетки.

Алое Вера помага да се хидрира сувата кожа или кожа што се лупи

Сувата кожа околу пределот на очите е многу чест проблем. За жал, понекогаш може да биде многу тешко да се оддржи овој предел околу очите хидриран  за да не доведе до посериозни проблеми. Алое Вера содржи вода и ензими кои помагаат да се хидрира кожата и да се намали чешањето, нејзиното оштетување и лупење.

Цинкот кој се наоѓа во Алое Вера помага во затегнување на порите, додека пак амино киселините ја одржуваат кожата мека. Ако видите мали бели испакнатини во пределот под очите, тие најверојатно се предизвикани од вишокот кератин што останува под површината на кожата.

Ексфолирачките својства на Алое Вера можат да помогнат да се ослободи заробениот кератин и да се елиминираат тие испакнатини.

Како Алое Вера може да помогне за третирање на суви очи?

Студијата од 2012 година која го тестираше филтрираниот екстракт од Алое Вера на клетките на човечката рожница откри докази дека Алое Вера може да содржи својства кои можат да помогнат во намалувањето на воспалението и сувоста на очите.

Студијата, исто така, забележа дека Алое Вера при ниски концентрации се чини дека нема негативно влијание врз клетките на очите. Важно е да избегнувате ставање свежиот гел од Алое Вера листот директно во очите. Тоа може да предизвика печење, иритација, црвенило и други несакани ефекти. Треба да се направат повеќе истражувања за капките за очи од Алое Вера пред да се сметаат за безбедни за употреба.

Засега, се препорачува да се користи свеж гел од Алое Вера листовите само на кожата, а не директно во окото. Безбедно е да користите свеж гел од Алое Вера листовите на надворешната страна на Вашите очни капаци за да се ублажи црвенилото или отокот. Само внимавајте да не влезе гел во очите и не го нанесувајте премногу блиску до работ на очниот капак. Избегнувајте триење на очите ако нанесете гел од Алое Вера на очните капаци и употребете само мала количина.

Како да се користи свежиот гел од Алое Вера листовите околу очи?

  • Измијте го листот и исечете ја основата и врвот на Алое Вера листот. 

  • За да го остраните алоинот – жолтиот сок ставете го Алое Вера листот исечен на основата свртен надолу во длабок сад и оставете го да се исцеди 10-15 минути. Бидете внимателни со латексот или алоин.

  • Помеѓу надворешната кора на листот од Алое Вера  и внатрешното филе – гелот, се наоѓа жолт сок латекс кој е природен лаксатив. 

  • Латексот содржи природни лаксативи наречени антрахинони, кои можат да бидат корисни за ублажување на запек. Важно е да се напомене дека алоин не се препорачува да се користи. 

  • Потоа, долгиот лист Алое Вера иcечете го на половина. Користете остар нож за внимателно да го отстраните  зелениот дел од листот. 

  • Извадете го внатрешното желе – гелот Алое Вера. 

  • Измијте го гелот – желето со вода и оставете го да се кисне 6 до 12 часа за да го отстраните остатокот од  алоинот – жолтиот сок.  

 

Како правилно да го извадите гелот од внатрешноста подетално прочитајте во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ! 

За третирање на изгореници, воспаление, црвенило и сува кожа околу очите

  • Нежно измијте го лицето со вода и со средство за чистење. 

  • Исушете ја кожата, а потоа намачкајте ја со мала количина гел од Алое Вера. 

  • Избегнувајте триење на Алое Вера гелот во Вашата кожа (како лосион) и избегнувајте да го доближувате гелот премногу блиску до Вашите очи. 

  • Измијте го гелот по 10 до 15 минути. 

  • Можете да користите Алое Вера до 3 пати на ден за лекување на изгорена, воспалена или сува кожа.

  • Алое Вера може да ја исуши вашата кожа ако ја користите премногу често, па ако забележите сувост, користете ја поретко.

За хидрирање на Вашата кожа

  • Измијте го лицето со вода и средство за чистење. 
  • Откако вашата кожа ќе се исуши, нанесете Алое Вера гел околу очите во тенок слој. 
  • Можете да се фокусирате на местата каде што забележуватесува кожа или брчки, но можете да го користите свежиот Алое Вера гел на целото лице. 
  • Кога го користитите свежиот гел за хидратација на Вашата кожа, можете да го оставите гелот да се впие во Вашата кожа.

Ако не сте сигурни како Вашата кожа ќе реагира на свежиот Алое Вера гел, почнете да го воведувате полека. Заменете го Вашиот вообичаен хидратантен крем еднаш неделно со свеж Алое Вера гел, а потоа зголемете ја употребата на Алое Вера.

Безбедно користење на Алое Вера

Иако Алое Вера е генерално безбедна за употреба на Вашата кожа, погрижете се да не влезе во Вашите очите. Кога нанесувате Алое Вера на вашата кожа, бидете особено внимателни да не ја триете премногу блиску до очите. Доколку внесете Алое Вера во  очите, тоа може да ви предизвика болка. Ако ова се случи, нежно истурете ладна вода или туширајте го окото околу 15 минути. Веднаш исплакнете го окото, затоа што може да предизвикате поголема штета. Додека ги миете очите со вода, често отворајте и затворајте ги очите. Откако ќе го направите тоа, одморете се додека Вашето око не изгледа подобро.

Иако Алое Вера помага да ја хидрирате Вашата кожа, доколку ја употребувате прекумерно може да предизвика сушење на Вашата кожа. Тоа е затоа што ензимите во Алое Вера делуваат како пилинг. Секогаш кога ќе претерате со ексфолијација на Вашата кожа, тоа може да предизвика таа да се исуши или да стане премногу мрсна, во зависност од типот на Вашата кожа.

Ако никогаш претходно не сте користеле Алое Вера на вашата кожа, погрижете се да направите тест пред да ја користите на Вашето лице. Ова е особено важно ако сте алергични на лук или кромид. За да тестирате, едноставно нанесете мала количина од свежиот гел од Алое Вера на внатрешноста на Вашиот зглоб или лакт. Ако имате некаква чувствителност на гелот, ќе забележите чешање, оток, црвенило или печење во рок од неколку часа. Ако немате никаква реакција тогаш безбедно може да го користите Алое Вера гелот. Алергиска реакција е многу ретка појава, но може да се случи доколку имате чувствителна кожа.

Ако користите стероидни креми, вклучително и хидрокортизон, на истата област каде што нанесувате Алое Вера, Вашата кожа може да апсорбира повеќе од стероидниот крем. Ако користите стероиден крем и сакате да нанесете Алое Вера на истата површина на кожата, најдобро е прво да се консултирате со Вашиот доктор дали е безбедно.

Посетете ја нашата е-продавница