Aloe Organic

Алое Вера е познато растение веќе со векови. Може да се аплицира локално на кожата, да се конзумира во храна и пијалоци, па дури и во сушена форма. Сочните листови од Алое Вера се полни со чист, проѕирен и густ гел кој содржи 99% вода. Гелот содржи и 200 активни состојки како, бројни витамини, минеарали, аминокиселини, липиди и стероли. 

Алое Вера е лековито растение кое е познато по своите антисептички, антивирусни и антибактериски својства. Се користи веќе со векови за третирање на кожни проблеми, за здравствени и за медицински цели. Оваа чудотворно природно растение има многу придобивки за кожата кога се користи правилно.

Дали размислувате да ја воведете Алое Вера во Вашата рутина за нега на кожата?

Ако одговорот е ДА, важно е да знаете како Алое Вера може да влијае на Вашата кожа.

Алое Вера делува навистина благотворно за Вашата кожа, но можете да ја почувствувате кожата малку затегната по употреба – нешто што можеби ќе Ве загрижи на почетокот, особено ако за прв пат го користите свежиот Алое Вера гел на Вашето лице. Но, воопшто немате потреба за грижи! 

Свежиот гел од Алое Вера има многу придобивки за Вашата кожа, а во продолжение ќе објансиме и зошто предизвикува затегнување на Вашата кожа по нанесувањето.

Зошто Вашата кожа се чувствува затегната од Алое Вера гелот?

Свежиот гел од Алое Вера листот кога се нанесува директно на кожата може да  почуствувате дека кожата ви е затегната или леплива. Тоа е така затоа што але Вера гелот  создава заштитна обвивка на кожата за да ја блокира влажноста и да ја заштити со цел да спречи било каков надворешен контакт.

#1 – Алое Вера има висока конценрација на вода

Свежиот Алое Вера гел природно има висока концентрација на вода, а кога водата испарува може да предизвика Вашата кожа да се чувствува позатегната. Гелот од Алое Вера содржи повеќе од 200 активни хранливи материи и 99 % вода што и помагаат на Вашата кожа да биде чиста, негувана и нежна.

#2 – Алое Вера е благ адстрингент

Алое Вера е благ адстрингент, а бидејќи адстрингентите имаат својство да привлекуваат вода, помага да се отстрани влажноста од кожата. Кога ќе нанесете чист и свеж гел од Алое Вера листовите директно на Вашата кожа, тоа може да предизвика чувство на затегнатост. Ефектот на ова исто така помага во затегнување на порите на кожата.

Кои се придобивките од Алое Вера за затегнување на кожата?

  • Помага за регулирање на маснотиите на кожата

  • Помага во борбата против стареењето 

  • Природно длабински ја хидрира кожата

  • Ја осветлува кожата 

  • Го балансира тонот на кожата 

  • Помага при заздравување на благи абразии

Како Алое Вера влијае на кожата?

Кога се користи редовно свежиот гел од Алое Вера листовите, нуди многу придобивки за Вашата кожа:

  • Длабински ја хидрира кожата

Гелот од Алое Вера има хигроскопски својства, што го прави одличен за хидратација, особено за лица со сува кожа. Растението Алое Вера е едно од ретките растенија што може да преживее во влажна клима поради неговата способност да ја апсорбира и задржува влагата од почвата и воздухот. Алое Вера длабински ја хидрира Вашата кожа без да остава изглед на масна кожа.

  • Помага во намалување на акните

Антибактериските и антиинфламаторните дејства на Алое Вера ги намалаат бактериите кои предизвикуваат појава на акни и  помагаат во смирување и контролирање на акните. Научните докази покажуваат и дека може да помогне за хиперпигментираните области. Гелот од Алое Вера, исто така, може да помогне во третирање на различни кожни заболувања како што се егзема и псоријаза.

  • Спречува појава на брчки

 Свежиот гел од Алое Вера исто така го спречува стареењето преку спречување на појава на брчки и опуштена кожа. Алое Вера е антиоксиданс кој се бори против слободните радикали, го зголемува производството на колаген и ја подобрува еластичноста на кожата.

  • Ја намалува појавата на стрии

Како природен регенератор на кожата и поради своите лековити својства, чистиот и свеж гел од Алое Вера ефикасно ја минимизира појавата на стрии.

  • Третира изгореници од сонце

Луѓето со децении користат гел од Алое Вера листовите за лекување на благи изгореници од сонце. Гелот од Алое Вера е ефикасен за заздравување на рани и изгореници на епителниот слој на кожата.

Како да го користите свежиот Алое Вера гел

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Нашите La Vendita премиум свежи листови од Алое Вера се органски, природни, еколошки чисти и не содржат штетни хемикалии. Ако сте се одлучиле да го воведете свежиот гел од Алое Вера во Вашата рутина за нега на кожата, најдобро е да го нанесете локално.

Ако никогаш претходно не сте користеле свеж Алое Вера гел, најдобро е да почнете да користите мала количина на незабележливо место за да ја тестирате реакцијата на Вашата кожа.

Кога прв пат користите свеж Алое Вера гел, експертите советуваат да нанесете мала количина на Алое Вера гелот на Вашата рака или нога за да видите како реагира Вашата кожа.

Како да нанесете свеж Алое Вера гел на Вашата кожа?

Постојат различни начини на кои можете да го користите свежиот гел од Алое Вера за да имате чиста кожа и мазен тен.

  • Можете да го нанесете дирекно свежиот гелот на Вашата кожа или да го користите во комбинација со други природни состојки како кокос, маслиново масло, мед или сок од лимон.

  • За да ги исчистите акните, мозолчињата или да го измазнете вашиот тен, можете да направите целосно природна маска за лице користејќи свеж гел од Алое Вера.

 

Во другите постови, ќе најдете многу маски и препораки за маски за лице со свежиот Алое Вера гел  кои можете да ги направите сами дома.

Посетете ја нашата е-продавница