Aloe Organic

Придобивките од Алое Вера се познати веќе со векови. Од лосиони и креми до додатоци за исхрана и сокови, употреба на Алое Вера во индустријата за здравје и убавина е бесконечна. Со изобилството на хранливи материи кои ги поседува Алое Вера, може да го подобри метаболизмот, да Ви помогне во губење на тежината и да ги направи Вашата коса и кожа поздрави. Еден малку познат факт за Алое Вера е дека исто така е одличен за луѓе со дијабетес.

Кај луѓето со дијабетес тип 2, нивното тело не е во состојба самостојно да го регулира нивото на шеќер во крвта. Луѓето со дијабетес тип 2 мора да вклучат вежбање, промени во исхраната, менаџирање со стресот, често и инсулин или орални лекови за да обезбедат здраво ниво на шеќер во крвта. Понекогаш, луѓето со дијабетес ги надополнуваат своите третмани со природни состојки, како што е додавање на Алое Вера во нивниот третман со дијабетес.

Иако истражувањата за придобивките од Алое Вера за лекување на дијабетес тип 2 е ограничено, доколку сакате поприроден третман на Вашата состојба со Алое Вера потребно е да го известите и консултирате Вашиот лекар.

Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе, продолжете да читате. Ќе разгледаме некои од начините на кои Алое Вера може да биде корисно за Вашиот третман со дијабетес.

Повеќе за Алое Вера

Алое Вера е сочен сукулент кој расте во топлите земји. Во традиционалната медицина се користи повеќе од 4000 години. Со своите моќни антиинфламаторни својства, Алое Вера се користи за лекување на многу различни здравствени проблеми, вклучувајќи колика, висок крвен притисок, запек и најчестата болест, изгорениците од сонце.

Од листот Алое Вера два дела се користат во производите за здравствена заштита.

  • Чистиот гел што го нанесувате на кожата за ослободување од изгореници и псоријаза. Можете исто така да го земате орално за лекување на состојби како што се болести на цревата, треска и остеоартритис и многу други.

    Свежиот гел од Алое Вера може да има благ или горчлив вкус, па за подобар вкус можете да го комбинирате со сок или друго овошје или зеленчук. Многу луѓе го користат свежиот гел од Алое Вера листовите во шејкови, смуди, салати, салса или сок од зеленчук.

 

Постојат повеќе од 200 активни супстанции во Алое Вера кои вклучуваат витамини, минерали, ензими и полисахаридиа  даваат значителни придобивки од Алое Вера растението.

Придобивки од Aлое Вера за дијабетичари

Единиците на шеќер во крвта на гладно и мерењата на A1C се користат при дијагноза на дијабетес. По дијагнозата, лекарите врз основа на  A1C (тримесечен просек на нивото на шеќер во крвта) одредуваат колку добро се регулира нивото на шеќер во крвта.

Алое Вера содржи соединенија како манани, антрахинони и лектини кои можат да помогнат во контролата на нивото на гликоза во крвта и да ги ублажат абнормалните липидни панели кај луѓето со дијабетес. Исто така, може да го поправи и спречи оштетувањето на клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот.

Во 2016 година,  списанието за алтернативна и комплементарна медицина објави статија во кој се наведува како Алое Вера може да го подобри нивото на шеќер во крвта и А1C кај луѓето со дијабетес. Нивната студија покажа дека оралните додатоци на Алое Вера го намалуваат шеќерот во крвта на гладно кај учесниците за 46,6 mg/dL и го намалуваат нивото на A1C за 1,05%.

Истражувачите веруваат дека додатоците на Алое Вера ја намалуваат апсорпцијата на шеќер по оброкот, го стимулираат разградувањето на шеќерот и помагаат да се спречи производството на шеќер.

Ризиците од Алое Вера за дијабетичари

Ефектите од Алое Вера за намалување на шеќерот во крвта се одлични за луѓето со дијабетес, но постојат и ризици кои се вклучени. Ова е особено наменето за оние кои земаат инсулин или други лекови за дијабетес.

Со комбинирање на лекови за дијабетес со орални дози на Алое Вера, ризикувате да предизвикате пад на шеќерот во крвта, што резултира со хипогликемија. Симптоми на хипогликемија се замор, треперење, потење, а понекогаш и неправилен срцев ритам. Тешките симптоми на хипогликемија вклучуваат заматен вид, конфузија, напади и губење на свеста.

Затоа препорачуваме да бидете внимателни со воведување на Алое Вера во Вашиот третман со дијабетес и задолжително консултирајте го Вашиот доктор!

Додавање на Aлое Вера во третирање на дијабетес

Ако сакате да додадете Алое Вера во Вашиот третман, неопходно е да се консултирате со Вашиот лекар за да избегнете какви било негативни ефекти!

 

Дури и откако Вашиот доктор ќе Ви даде препораки за користење на Алое Вера, внимателно следете го шеќерот во крвта за да ги препознаете реакциите на низок шеќер во крвта. 

Водењето дневник за сите симптоми што ќе ги искусите кога додавате Алое Вера може да биде корисно за Вашиот лекар. Документирајте како се чувствувате, колкава количина на Алое Вера земате и какви ефекти сте почувствувале.

Посетете ја нашата е-продавница