Aloe Organic

Со нашиот најнов рецепт, MintBerry Aloe Mocktail, можете да уживате во Вашите омилени вкусови!

Нема ништо поосвежително од мохито направено со сок од Алое Вера, нане, капини и лимета. Во продолжение еден здрав рецепт на мохито кое ќе ве олади ова лето, па затоа зграпчете го шејкерот и придружете ни се на забавата!

Причини зошто да комбинирате Алое Вера и моктели заедно

Доколку сакате да ги елиминирате токсините од Вашиот живот секогаш е мудро да се избегнува или да се ограничи консумирањето алкохол. Пиењето алкохол може да го оптоварува црниот дроб, кој е главниот орган за детоксикација на телото, што може да резултира со негово неправилно функционирање.

Моктелите направени од свежи, корисни состојки не само што ги ограничуваат токсините што ги внесувате во Вашето тело, туку и му помагаат на телото да се детоксицира природно. Со овој моктел може многу ефикасно да ги исфрлите токсините од  Вашето тело, особено ако во него додадете природен и органски сок од Алое Вера.

Алое Вера ја зголемува апсорпцијата на хранливи материи и ги намалува токсичните нуспроизводи на метаболизмот, како што се амонијак и нитрати. Голем број научни студии покажаа дека Алое Вера може да ги намали токсичните нивоа на нитрати во телото, како и да го подобри метаболизмот на хранливите материи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

свежо нане

10 листови

капини

6-8

коцки мраз

1 шолја

сода вода или тоник вода по избор

 ½ шолја

лимета

½ (исечена)

органски La Vendita Алое Вера сок со или без пулпа 

или

свеж органски Алое Вера гел

4 лажици 

 или

50 гр.

засладувач по избор

или гранулиран/кафеав шеќер

2 лажици

ЗА ДЕКОРИРАЊЕ

листови нане

парчиња лимета

капини

ЌЕ ВИ ТРЕБА

чаша за сервирање, шејкер

Доколку користите свеж гел од Алое Вера листовите, погрижете се да го отстраните алоинот. 

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

La Vendita органските Алое Вера сокови со или без пупла се:

  • направени од внатрешниот гел од Алое Вера листот
  • содржи повеќе од 200 биоактивни витални материи
  • БЕЗ АЛОИН
  • 100% ОРГАНСКИ
  • 100% ECO-FRIENDLY
  • 100% ПРИРОДЕН
  • 100 % ЗДРАВА ХРАНА
  • БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ
  • БЕЗ БОИ
  • БЕЗ ДОДАТОЦИ
  • БЕЗ ЗАСЛАДУВАЧИ
  • БЕЗ ДОДАДЕНА ВОДА И ДОДАДЕНИ ШЕЌЕРИ
  • БЕЗ ГЛУТЕН
  • БЕЗ ЛАКТОЗА
  • погоден за ВЕГАНИ

Подготовка:

Во цврста чаша или шејкер ставете 10 листови свежо нане, 6-8 капини и парче лимета и убаво истолчете ги. Можете да користите висока чаша во форма на топка, чаша за коктел или голема чаша за пиење. Користете дрвена лажица ако немате толчник за да ги ослободите соковите, аромите и маслата од состојките кои ги мешате заедно.

Во чашата додадете 2 лажици гранулиран шеќер и остатокот од сок од лимета. Сите состојки треба да се испасираат темелно за да добро се соединат. Користете алтернативните засладувачи како стевиа, агаве или мед ако не сакате да користите гранулиран шеќер. Ќе има мала разлика во вкусот.

Измерете 4 супени лажици органски сок од La Vendita Алое Вера или 50 грама органски свеж гел од Алое Вера листовите. Нежно промешајте за да се вклопат сите состојките.

Откако чашата ќе ја наполните со мраз, дополнете со сода вода или тоник вода и мохитото со Алое, капини и нане е подготвено за пиење. Декорирајте со остатокот од капини, нане и лимета!

За да го засилите вкусот на Алое Вера дозволете моктелот да отстои 15-30 минути.

Придобивки од Алое Вера

Дали знаете дека повеќето витамини и минерали што ги консумираме во храната се губат за време на варењето? Нашите тела имаат големи придобивки од La Vendita Алое Вера сокот и свежиот Алое Вера гел бидејќи ја зголемуваат количината на хранливи материи што ги апсорбираат.

Алое Вера пружа многу повеќе од ова. Конзумирањето квалитетен сок од Алое Вера, како што е органскиот La Vendita Алое Вера сок или свежиот гел од Алое Вера листовите, ќе Ви овозможи да имате балансирано варење, антиоксидантна и имунолошка поддршка, како и зголемена апсорпција на хранливи материи. Исто така, содржи активни соединенија како витамини, ензими и амино киселини кои му помагаат на Вашето тело да функционира правилно.

La Vendita Aлое Вера органските сокови имаат неутрален вкус, што ги прави идеалени за смуди и пијалоци. Нашите La Vendita органски Алое Вера сокови и свежиот гел од Алое Вера се целосно природни, органски и без конзерванси.

Како да ги купите нашите производи

За да го поддржиме здравјето на Вашето тело, ние нудиме органски, природни и eco-friendly производи. Без разлика дали сакате да купите органски сокови од Алое Вера со пулпа или без пулпа, или органски свеж гел од Алое Вера листовите, ние сме тука да Ви помогнеме.

Посетете ја нашата онлајн продавница www.aloeorganic.mk  за да нарачате онлајн или најдете ги во маркетите во Ваша близина.

 

Сакате да стапите во контакт со нас?

Слободно оставете коментар, поставете прашање или следете не на нашите Фејсбук и Инстаграм страници! Секогаш е задоволство да се комуницира со нашите фанови и клиенти!