Б ГРОУП ДООЕЛ овозможува рефундирање на паричните средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.aloeorganic.mk, под долунаведените услови:
Откако курирот ќе Ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со Вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број (+389) 70 211 443 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@aloeorganic.mk со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе Ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура/испратница). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во Б ГРОУП ДООЕЛ на адреса: Бул. Видое Смилевски Бато бр.2А лок.9 Скопје.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура или испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Паричните средствата ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа Ви испраќаме соодветна замена. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата www.aloeorganic.mk има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето, односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.