Природна аптека со Алое – прегрнете ја нејзината моќ – растение Алое Вера во саксија
Сочно растение кое потекнува од северна Африка, а денеска Алое Вера се одгледува низ целиот свет. Растението е познато по своите лековити својства и најчесто се користи за лекување на изгореници и иритации на кожата. Гелот од Алое Вера, кој се добива од листовите на растението, може да се нанесува локално или да се консумира како додаток во исхраната. Алое Вера припаѓа на фамилијата Liliaceae. Разновидните зелени листови во форма на розета ја карактеризираат Алое Вера која е совршена за мали простори.
Многу древни култури користеле Алое Вера за нега на кожата, вклучувајќи ја и Клеопатра. Со векови, листовите на алoe Вера се користеле во Азија за медицински цели, па дури и Кристофер Колумбо ги користел за лекување на раните. Некои знаеле да го втријат свежиот гел од Алое Вера на нивните тела во текот на денот за да спречат каснување од инсекти. Алое Вера има својства да ги ублажи состојби на кожата како што се каснувања од инсекти и изгореници од сонце кога се нанесува дирекно на кожата.
Квалитетот на La Vendita Алое Вера производите е потврден со сертификат на Европската Унија за органско земјоделство, од CAAE за органски производи и Extremadura сертификат за храна и органски производи. Покрај oва, посевите на Алое Вера се поддржани и од Global Gap стандардите за Good Agricultural Practices.
Растение | Алое Вера Barbadensis Miller во саксија |
Карактеристика | органско и природно |
Внатрешна/надворешна одгледување | внатре и на отворено |
Висина | околу 40-45 см |
Боја | зелено растение во форма на розета на средината сместено во саксија |
Украсно растение | не се консумира! |
Вообичаен период на цветање | лето, крајот на летото, рана есен, есен |
Изложеност на сончева светлина | делумно сонце |
Поставување | светло и топло место во близина на прозорец може да се стави надвор во текот на летото, но сепак треба полека да се навикнува на светлото сонце |
Инструкции за нега | наводнување и прехранување |
Прехранување | лето – на секои 3-4 недели во зима – воопшто не |
Вода | лето: 1/2 чаша вода на секои две до три недели зима: во фаза на мирување вода значително помалку или ако е ладна собата воопшто не. совет: наводнувајте повторно откако почвата целосно ќе се исуши |
Начин на употреба:
Растението Алое Вера многу добро расте во супстрати богати со органска материја. Не му треба обилно наводнување, затоа треба да се избегнува често наводнување. Секогаш треба да се остави време од едно до другo наводнување.
Може да се чува внатре или на отворено. Силните мразови можат да предизвикаат оштетување на растението и затоа мора да се заштити во најстудените месеци.
Погрижете се растението Алое Вера да добие високо ниво на светлина.
Прочитајте повеќе на нашиот АЛОЕ ВЕРА БЛОГ како да го користите ова растение за третирање на состојби на кожата.
Алое вера за затворен простор:
Додадете релаксирачко, смирено чувство во секој простор со прекрасното растение Алое Вера. Можете да го одржувате воздух во Вашиот домот свеж и чист со домашните растенија од Алое кои служат како природни прочистувачи на воздухот. Украсете ја Вашата маса, полица, канцеларија или спална соба со ова прекрасно растение со совршена големина.
Совршен избор за декорирање на секој простор:
Уредете го Вашиот простор совршено. Без разлика дали сакате да ја разубавите Вашата канцеларија или да додадете зеленило во Вашата дневна соба, растенијата Алое Вера имаат безвременска привлечност. Направете Вашата простор да се истакне со ова уникатно растение. Растението Алое Вера е идеално за трпезариска маса, за странична маса или за масичка за кафе поради неговата слабо растечка природа. Практично секој стил на декор и ентериер може да се прилагоди на растението Алое Вера!
Секое Алое Вера растение се одгледува со посебна грижа и се испраќа директно од стаклена градина на La Vendita од Шпанија до Вашиот дом. Висината на Алоето е приближно 40-45 см.
Носи среќа и благосостојба :
Растенијата ни обезбедуваат среќа и благосостојба. Обезбедувајќи живот, свеж воздух и чувство на смиреност, тие го подобруваат Вашето расположение и ја подобруваат Вашата благосостојба. Студиите на НАСА покажуваат дека растенијата го подобруваат расположението и креативноста, а го намалуваат и стресот.
Алое Вера совршен подарок за секоја прилика:
Ако сакате на Вашите сакани да им подарите растение, тоа можете да го направите за секоја пригода, како роденден, за годишнина или за разубавување на домот. Секое Алое Вера растение е добро спакувано, свежо и подготвено да го импресионира примателот на подарокот заедно со Вашата лична порака.
Подготвени за растење:
Го доставуваме Вашето ново Алое Вера растение за одгледување во домашни услови добро спакувано и со упатства за нега и одгледување. Ставете го на силна, индиректна сончева светлина и полевајте го со 1/2 чаша вода на секои две недели за да го одржите среќно, здраво и за да може да расте. Можеби негата и полевањето ќе треба да ги приспособите врз основа на Вашата средината во која живеете. Совет: Алое Вера има потреба од многу светлина, па доколку слабо расте променете ја неговата локација за да може да ужива во светлината.
Технички податоци:
Алое Вера во саксија е со одличен квалитет и извонредна големина од околу 40-45 cm во висина. Просечната тежина на секое растение е повеќе од 2,5 кг.
Што треба да знаете за наводнувањето:
- Најдобро е да го наводнувате ова растение еднаш на секои две недели со околу 1/2 чаша вода, дозволувајќи вишокот на вода да се исцеди. Сакако направете прилагодувања според Вашата околина. Важно е да не дозволите Алое Вера да седи во вода или почва што е премногу влажна. Многу подобро е Алое Вера растението да биде суво отколку премногу влажно, затоа внимавајте да не го наводнувате често. Во повеќето домови, на Алое Вера растенијата им треба наводнување само еднаш на секои две или три недели.Совет: Проверете со дрвена чепкалка дали е влажна почвата околку растението. На Вашето растение му треба наводнување ако дрвена чепкалка е сува. Доколку дрвената чепкалка излезе со прицврстена земја нема потреба од наводнување.
Колку светлина и треба на Алое Вера?
- Општото правило, кога станува збор за овие сукуленти, е дека колку повеќе светлина, толку подобро! Совршени се за разубавување на светлите прозорски прагови, но Алое Вера може да напредува и под вештачки светла (или мешавина од сончева светлина и вештачка светлина). Природната светлина не е неопходна за да напредуваат. Дури и под светилка за маса или друга вештачка светлина, овие растенија ќе напредуваат! Важно е Вашите сукуленти да имаат силна светлина најмалку три часа дневно, каде и да ги чувате. Пружете му на Вашето Алое Вера растение многу светлина за да гo одржите среќно.
Најдобар начин за прехранување:
- При испорака, Алое Вера растението е високо приближно 40-45 см, мерено од дното на садот до врвот. Стапката на раст на Алое Вера е умерена во зависност од тоа колку добро е негувано и во каква средина расте. Потикнете го за време на топлите месеци на пролет и лето со потхранување со препарати кои се наменети за растенија во саксии. Следете ги упатствата на пакувањето со прихраната на растението. Растението треба да се пресади кога ќе ја надрасне саксија. Нежно извадите го растението Алое Вера од старата саксија и префрлете го во поголема. Сите празни места треба да се наполнат со нова земја и темелно да се наводни. Совет: не ви треба посебно ѓубриво или посебна прихана за Алое Вера, секое ѓубриво наменето за употреба на растенија во затворен простор е одичен избор.
Дознајте повеќе!
Алое Вера растенијата обично се сметаат лесни за одгледување бидејќи не бараат многу вода, не бараат често пресадување, имаат мали корени и со добра грижа траат со децении. Доколку имате навика многу да ги наводнувате растенијата, Ви советуваме да изберете саксија со отвори на дното за истекување на вишокот вода. Растенијата се живи суштества; секое од нив е уникатено, така што растението што ќе го купите може да се разликува од ова на фотографијата. Најквалитетните Алое растенија од La Vendita со големо внимание се пакуваат и испорачуваат до Вашиот дом.
Популарноста на Алое Вера е неспоредлива со ниту едно растение. Алое Вера е многу барано растение од голем број гуруа за убавина ширум светот и треба да биде дел од секојдневието на сите нас! Се вели дека Нефертити и Клеопатра секојдневно го користеле растението Алое Вера како дел од нивната рутина за убавина. Од пред илјадници години, „пустинскиот крин“ се користи за многу намени и денес ужива неверојатно добра репутација.
Нашата цел е да испорачуваме здрави и убави растенија од La Vendita green house до Вашиот дом. Растението Алое Вера во саксија не е наменето за исхрана на луѓе или животни. Да се чува подалеку од дофат на деца и домашни миленици.