Веќе илјадници години наназад, Алое Вера се слави како извор на здравје и благосостојба во речиси сите култури на Земјата и уште од минатото имало многу значајна улога во сите општествата.
Најраниот запис за употреба на Алое Вера доаѓа од Египќаните, како цртаат слики од Алое Вера листот на ѕидовите во храмовите. Тогаш, Алое Вера се сметало за „растение на бесмртноста“ и им било подарувано на египетските фараони како погребен подарок.
Постојат многу легенди кои говорат дека египетската кралица Нефертити (1353 п.н.е.) позната како „најубавата жена што некогаш живеела“ и кралицата Клеопатра VII (69-30 п.н.е.) го користеле Алое Вера гелот.
Легендите исто така говорат дека Александар Велики, во 333 п.н.е., бил убеден од неговиот ментор Аристотел да го освои островот Сокотра во Индискиот Океан за да обезбеди резерви од Алое Вера кои ќе им помгнат во лекување на неговите ранети војници.
Древните кинески и египетски цивилизации користеле Алое Вера за смирување на изгорениците, лекување на рани и намалување на треската. Грчките научници го сметале Алое Вера гелот за универзална лек поради неговите специфични и лековити својства.
Алое Вера гелот имал голема улога во нивната медицина уште пред 2000 години кога древните грчки лекари добиле Алое Вера од островот Сокотра во Индискиот Океан.
Алое Вера е род кој содржи повеќе од 400 видови на сочни цветни сукуленти распространети низ Африка, Блискиот Исток, Кина, медитеранскиот регион и разни острови во Индискиот Океан.
Алое е сочно растение кое расте во тропските области склони кон суша, но Алое Вера е најчеста форма на Алое кое се конзумира.
Најчесто комерцијално одгледувана и користена сорта на Алое Вера е Barbadensis Miller - онаа што и ние ја користиме!
Името Алое Вера потекнува од арапскиот збор „Алое“ што значи „исклучително горчлива супстанца“, и „Вера“ што на латински значи „вистина“.
Алое Вера може лесно да се препознае по нејзините сивкасто-зелени листови обложени со остри рабови кои се спојуваат во центарот за да формираат форма на розета.
Иако можеби изгледа како кактус, Алое Вера всушност припаѓа на фамилијата Asphodelaceae (Liliaceae), во која припаѓаат и аспарагус, кромид, лук, праз, власец, лалиња.
Сочните и месести листови на Алое Вера растението се полни со гел кој има сладоко, кисел, горчлив и адстрингентен вкус.
Растение од Алое Вера достигнува зрелост на 3-4 години и може да достигне висина од 80 см со најмногу 21 лист.
Алое Вера растението е една од најпроучените билки во категоријата природни производи и има важна улога во медицината и здравствената заштита уште од 4 век п.н.е.
Алое Вера содржи над 200 биолошки активни, природни состојки, вклучувајќи витамини, минерали, ензими, амино киселини и полисахариди.
Алое Вера се одгледува комерцијално заради природните, здрави и лековити својства, како и поради придобивки за нега на кожата кои се наоѓаат во неговите листови.
Кога правилно се внесуваат есенцијалните хранливи материи на Алое Вера можат да помогнат во поддршка на дигестивното здравје, кардиоваскуларниот систем, да го зајакнат имунолошкиот систем, да ги намалат нитратите, а помага и во превенција и подобрување на целокупната здравствента состојба и многу повеќе.
Во кинеската култура, Алое Вера го опишувале како „метод на хармонија“ и било важна состојка во медицинските третмани уште од времето на експедициите на Марко Поло.
Во јапонската култура Алое Вера било познато како „кралско растение“. Сокот се конзумирал како еликсир, а самураите го користеле Алое Вера за лечење на повредените делови од телото.
Египќаните го нарекувале Алое Вера „растение на бесмртноста“ поради неговите лековити својства па дури го возвишувале до статус на „божество“.
Хиндусите мислеле дека Алое Вера расте во рајската градина и го нарекле „тивок исцелител“.
Домородните Американци го користеле Алое Вера поради неговата подмладувачка моќ и својствата за хидратација и го нарекувале „магично растение”.
Ајурведата – древната индиска наука за здравје и живот го сметала Алое Вера за „Vera Rasayana” – „подмладувач на организмот”.
Поддршка за здрав имунолошки систем
Заштита и подобрување на дигестивниот систем
Подобрување на циркулацијата
Хидрирање на кожата
Намалување на штетните токсини
Зголемeна апсорпцијата на хранливи материи
Поддршка за слабеење и дијабетес
Заштита од УВ зрачење
Балансирање на киселоста на желудникот
Намалување на ЛДЛ холестерол
Антисептички ефект
Антиоксидантна поддршка