Aloe Organic

Алое Вера е тропски сукулент со над 400 различни видови. Луѓето го користат свежиот гел од Алое Вера веќе илјадници години за лекување на помали кожни заболувања како осип, изгореници и иритација на кожата. Денес, луѓето сè уште го користат свежиот гел од Алое Вера листовите за изгореници од сонце. Алое Вера е навистина ефикасен третман за изгореници.

Всушност, има прилично голем број научни докази кои покажуваат дека гелот од Алое Вера е навистина корисен за лекување на благи до умерени изгореници од сонце.

Ако планирате да го користите свежиот гелот од Алое Вера како третман за изгореници, еве што треба да знаете.

Како свежиот гел од Алое Вера помага при изгореници од сонце?

Гелот од Алое Вера делува на три начини за лекување на изгореници:

  • Свежиот Алое Вера гел ја лади кожата
  

Алое Вера има смирувачки својства кои помагаат да се обезбеди ублажување на болката за помали изгореници од сонце. Сукулентот помага да се инхибира патеката на циклооксигеназа, која го иницира производството на простагландини од арахидонската киселина.

Простагландините играат витална улога во воспалителниот одговор на телото. Високите нивоа на простагландини обично се произведуваат како одговор на инфекција или повреда и предизвикуваат треска, оток или болка  како дел од процесот на заздравување на телото.

Алое Вера содржи и брадикиназа, ензим кој помага да се намали прекумерното воспаление. Салицилна киселина која е антисептик и антиинфламаторно средство, исто така природно се наоѓа во гелот од Алое Вера.

Ова органско и природно растение помага во ублажување на болката и спречување на инфекција. Салицилната киселина исто така помага при отстранување на сувата или груба кожа и помага во одржување на посвеж и поздрав тен на Вашата кожа.

  • Свежиот Алое Вера гел ја хидрира кожата

Алое Вера содржи мукополисахариди, или долги синџири на молекули на шеќер, кои и помагаат на кожата да ја задржи влажноста. Гелот го стимулира производството на фибробласт – тип на клетка која лачи колагенски протеини и помага во формирањето на сврзното ткиво.

Свежиот Алое Вера гел помага да се зголеми содржината на колаген. Исто така, помага да се смени составот на колаген за да се зајакне вкрстено поврзување на колаген и на тој начин да се забрза заздравувањето на кожата.

Поради аминокиселините во својот состав гелот од Алое Вера има хидратантните својства и помага да се ослободите од сувото триење на кожата. Исто така, може да го намали потенцијалното лупење на кожата, што може да се случи кога кожата почнува да заздравува од изгореници.

  • Помага за лекување на погодената област

Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои страдаат од изгореници од прв и втор степен побрзо заздравуваат ако нанесат свеж гел од Алое Вера во споредба со употребата на локални антибиотици. Друга студија покажа дека со употреба на гелот од Алое Вера  за пократко време  заздравуваат  изгореници од втор степен во споредба со инјекциите со матични клетки.

Лековитите ефекти на Алое Вера може да се припишат на неговите активни компоненти. Алое Вера содржи антрахинони – фенолни соединенија кои делуваат антибактериски, антивирусно и како аналгетик и истите помагаат во ублажување и побрзо заздравување кога се применуваат локално.

Свежиот гелот од Алое Вера е исто така одличен извор на витамини А, Ц и Е. Овие антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали, кои го разградуваат колагенот на кожата и предизвикуваат линии, брчки, темни дамки и опуштена кожа. Антиоксидансите се исто така корисни за смирување на изгорениците, за заздравување на раните и за заштита на кожата од оштетување.

Како ја користите свеж Алое Вера гел за лекување на изгореници од сонце?

По туширање или капењето со млака вода, нанесете свеж гел од Алое Вера листовите на погодената област.

Исто така, важно е да се има предвид дека свежиот гелот од Алое Вера е одличен за локален третман, но само ако имате благи до умерени изгореници од сонце. Ако состојбата е потешка, како што е изгореница од втор степен што доведува до отворени рани или блистери, најдобро е да побарате помош од лекар за правилно лекување и превенција од инфекции.

Следете ги следниве чекори доколку сакате да го користите свеж гел од Алое Вера листовите за подобрување на лекување на изгореници од сонце:

Земете премиум Алое Вера свеж лист, претходно измијте го листот и правилно извадете го гелот од внатрешноста на начин опишан во постот ПРАВИЛЕН НАЧИН ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА СВЕЖ АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ!

Посетете ја нашата е-продавница